fbpx
Таг: продажба

таг: продажба

Компанијата „Макпрогрес“ преку интернет ќе ги продава производите на кинескиот пазар

Македонската компанија за кондиторски производи „Макпрогрес“, преку интернет ќе ги продава своите производи на кинескиот пазар, за да го зголеми извозот. Производите ќе се продаваат преку интернет-компанија во Кина „Јинггонг мол“ (Jingdong Mall). „Макпрогрес“ на кинескиот пазар ќе ги продава производите од асортиманот на „винчини“ и на „армониа“.

Продадени плацеви за хотел и за викендички во Кочани

Хотел со површина од близу 6.000 квадратни метри ќе се гради во Кочани, откако денеска на електронска аукција беше купен плац по цена од 313 денари за еден квадратен метар. Плацот за хотелот е еден од 49-те парцели државно земјиште понудени за продажба од Општината Кочани. Денеска беа продадени 31 плац, при што Општината треба да инкасира 95.500 евра. Општината соопшти...

Владата на Србија се откажа од продажбата на „Телеком“

Владата на Србија одлучи да не се согласи со продажба на „Телеком Србија“. Ова денеска го соопшти српскиот премиер Александар Вучиќ, додавајќи дека Владата едногласно ја донела таквата одлука, бидејќи понудената цена не била задоволувачка. Како што изјави Вучиќ, Владата на Србија очекувала цена која била договорена со претставниците на синдикатот. Најголем акционер на „Телеком“ е државата Србија со 58,11 отсто...

ИД најмногу се финансира од продажба на нафта

Четириесет и три отсто од месечните приходи на Исламска држава доаѓаат од продажба на нафта, покажуваат податоците на Информативно-аналитичарскиот центар „Ај-Ејч-Ес Џејнс“. - Месечните приходи на терористичката групација ИД се околу 80 милиони долари. Околу 50 проценти од приходите доаѓаат од даночните давачки и од конфискувањата, кои ИД ги спроведува во териториите што се под нејзина контрола. Другите 43 отсто...

Државата продава пет детски одморалишта за да развива туризам

Државата ги понуди на продажба детските одморалишта „Малешево“ во Берово, „Суви Лаки“ во Струмица, „Ѓуриште“ во Свети Николе, „Николиќ“ во Дојран и „Пелистер“ во Битола. - Сите овие места во минатото, поради својата местоположба и опкружување, претставувале значајни туристички капацитети. Со определена инвестиција од приватниот сектор, повторно би можеле да станат профитабилни места за самите компании, кои потенцијално би ги стопанисувале...

Како ИД профитира: Артефактите од Палмира веќе се на продажба во Лондон!

Исламска држава (ИД) ги продава статуите, ликовите изработени во камен и фреските што интернационалните дилери на археолошки артефакти ги бараат, ги зема парите, ги предава реликвиите и потоа ги крева во воздух храмовите и градбите од каде потекнуваат за да ги прикрие доказите за тоа што е ограбено. Ова е одговорот што либанско-францускиот археолог Џоан Фарках (Joanne Farchakh) го дава...

Струмичани преку „Фејсбук“ продавале фалсификувана спортска опрема и парфеми

Секторот за внатрешни работи Струмица поднел четири кривични пријави против осуммина осомничени, од кои седум струмичани и еден скопјанец, кои се товарат дека продавале фалсификувана спортска опрема и парфеми преку „Фејсбук“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираат оттаму, поднесени се пријави со кои осуммината осомничени се товарат за кривичните дела прикривање на стоки кои се предмет на...

Белградската телевизија „Студио Б“ доби нов сопственик

Компанијата „Максим медиа“ условно е прогласена за купувач на Студио Б и тоа за 530.000 евра, околу 1.300 евра повеќе од проценетата вредност. „Максим медиа“ е компанија во сопственост на Милош и Ружица Крџиќ, сопственик на градското радио „ТДИ“. Компанијата е основана о февруари годинава со впишан капитал од 50.000 српски динари. Агенцијата за приватизација условно ја прогласи компанијата „Максим медиа“...

СДСМ: Продолжува нелегалното производство и продажба на забранет тутун

Со нечија заштита и одобрување во атарот на село Могила, во Пелагонија и оваа година се одгледува крупнолисен тутун од типот Вирџинија, кој е забранет во Република Македонија, велат од СДСМ. „Цената на овој нелегален тутун од килограм се движи и до 10 евра на светските пазари додека цената на легалниот тип орентален тутун којшто го произведуваат нашите тутунари изнесува...

„Тесла моторс“ на секој продаден „модел с“, губи по 4.000 долари

Светскиот гигант за електрични автомобили „Тесла моторс“ произведува возила кои станаа препознатлив бренд, но како што пренесува „Ројтерс“, оваа калифорниска компанија, на секој продаден „модел С“ губи по 4.000 долари. Како што се наведува во извештајот на „Ројтерс“, компанијата „Тесла“ ги намалила производствените цели за 2015 и за 2016 година, а засега е концентрирана на собирање дополнителен капитал. Фирмата на Илон...

„Македонски телеком“: Намалени приходите од продажба, а зголемени од интернет

„Македонски телеком“ АД - Скопје ја задржа водечката позиција во фиксниот и во мобилниот сегмент во првото полугодие од 2015 година и покрај силното пазарно опкружување, покажуваат неревидираните консолидирани финансиски резултати во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ). Приходите од продажба во првото полугодие од 2015 година изнесуваат 5.035 милиони денари, што претставува намалување од 5,8 отсто во...

Продажните цени на индустриски производи, пониски за 4,2 проценти на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, односно за 4,2 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во јуни годинава, во споредба со јуни 2014 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите енергија за 10,5 проценти, капитални производи за 4,4...

Се продава познатиот економски весник „Фајненшал тајмс“

Британската издавачка куќа „Пирсон“ потврди дека преговорите за продажбата на нејзиниот познат бренд, економскиот дневен весник „Фајненшал тајмс“, се во поодмината фаза. Името на купувачот не е наведен. Како што јавува агенцијата „Блумберг“, „Фајненшал тајмс“ би можел да го привлече вниманието на медиумските компании, како што се „Аксел Спрингер СЕ“, но и други инвеститори од Европа, Блискиот Исток и од Азија. За...

Битолските печалбари го распродаваат имотот во родниот крај

Печалбарите од Битолско, кои пред пет и повеќе децении заминале во Австралија, Америка и во Европа, го распродаваат имотот што им останал од нивните предци, тврдат од агенциите за недвижности во Битола. Потомците на првите печалбари сè помалку доаѓаат во Македонија, па наместо да плаќаат трошоци за одржување на куќите или становите, тие сè повеќе се одлучуваат одморот да го...

Јавната администрација уште се дума за грчките плажи

Откажување на туристичките аранжмани за Грција нема, но продажбата во агенциите е послаба во однос на претходните години. Во оваа насока говори и фактот што во некои од нив, и во шпицот на сезоната, можат да се најдат слободни места за туристичките дестинации што ги нудат, па дури и за најбараните во Грција. Како што не било случај досега, во ек на...

Денеска почнува продажбата на едномесечниот зелен картон

Денеска стапува на сила одлуката на Владата за воведување едномесечен зелен картон кој го издаваат осигурителните компании. Цената на едномесечен зелен картон изнесува 30 евра за возила до 66 киловати, односно 50 евра за возила со повеќе од 66 киловати. Ова најмногу од корист ќе им биде на оние кои патуваат еднаш годишно, особено за време на летниот период. Во интегралниот текст на одлуката...

Британски научници тврдат: Се зголемува продажбата на мајчино млеко преку интернет

Истражување, спроведено од британски научници, покажало дека се зголемува продажбата на мајчино млеко од доилки, кое преку интернет го купуваат фетишисти, бодибилдери и болни од рак, јавува „Би-Би-Си“. Тим научници од Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон тврдат дека млекото што се продава е непастеризирано и може да содржи опасни бактерии. Тие велат дека тврдењата дека мајчиното млеко го зајакнува имуниот систем...

ДДВ за становите останува 5 проценти и следните три години

Данокот на додадена вредност (ДДВ) од 5 отсто за становите, што требаше да важи до 31 декември 2015 година, ќе остане непроменет уште три години. - Интересот за купување станови се зголемува и тоа, пред сè, се должи на повластената ДДВ-стапка од 5 отсто. Затоа бараме пролонгирање на одредбата што го дефинира овој процент, односно стапката на ДДВ да не се зголеми...

Синџирот маркети „Склавенитис“ го купи грчки „Веропулос“

Грчкиот синџир маркети „Склавенитис“ го купува „Веропулос“ и неговите маркети во Грција. Двете групации потпишале договор за спојување, кој се чека да биде одобрен од комисијата за конкуренција, со што ќе се создаде нов гигант на пазарот на маркети во Грција. Според соопштението од двете компании, договорот ќе ги опфати маркетите на „Веропулос“ во Грција, но не и тие...

Урнат рекорд во продажба на паметни телефони

Кинеската компанија „Ксиаони“ го урна светскиот рекорд за број на продадени паметни телефони во еден ден. За 24 часа, компанијата успеала да продаде 2,11 милиони уреди. Ваквата продажба на компанијата им донела дури 335 милиони долари. За да го постават овој рекорд, тие организирале фестивал „Ми фан“, на кој ги повикаа корисниците да купат уреди по евтини цени. Дека „Ксиаоми“ не...

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...