fbpx

Владата на Србија се откажа од продажбата на „Телеком“

-

Владата на Србија одлучи да не се согласи со продажба на „Телеком Србија“. Ова денеска го соопшти српскиот премиер Александар Вучиќ, додавајќи дека Владата едногласно ја донела таквата одлука, бидејќи понудената цена не била задоволувачка.

Како што изјави Вучиќ, Владата на Србија очекувала цена која била договорена со претставниците на синдикатот.

Најголем акционер на „Телеком“ е државата Србија со 58,11 отсто од акциите, 20 отсто од акциите се во сопственост на компанијата, додека 14,95 отсто ги поседуваат граѓаните, а 6,94 отсто вработените и поранешни вработени во „Телеком“.

Пред четири години, процената на вредноста на „Телеком“ изнесуваше 2,2 милијарди евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...