Битолските печалбари го распродаваат имотот во родниот крај

-

Печалбарите од Битолско, кои пред пет и повеќе децении заминале во Австралија, Америка и во Европа, го распродаваат имотот што им останал од нивните предци, тврдат од агенциите за недвижности во Битола. Потомците на првите печалбари сè помалку доаѓаат во Македонија, па наместо да плаќаат трошоци за одржување на куќите или становите, тие сè повеќе се одлучуваат одморот да го поминат во изнајмени станови.

Агентите за недвижнини велат дека ваквиот тренд почнал лани, а се интензивирал оваа година.

– Нашинците од Австралија веќе го отуѓуваат имотот во Битола. Продаваат куќи, станови, викендички, ниви. Лани им продадов неколку станови. Само овој месец добив обврска за продавање на две куќи и на еден стан. Луѓето велат дека сè поретко доаѓаат тука и имотот им причинува проблем во однос на одржување и на трошоци. Од друга страна, нивните деца и внуци не се заинтересирани ниту за имотот ниту за одморот во Македонија – вели Драги Стојановски, од агенцијата за недвижности „Итон БС“ во Битола.

Наспроти ваквата слика, печалбарите од Битолско, пак, последните години се најчестите закупци на станови во градот. Тие сè помалку престојуваат кај роднини, па за одморот изнајмуваат станови.

Од агенеција „Дора“ велат дека во зависност од луксузот и од локацијата, изнајмените станови за странците чинат од 300 до 500 евра. Подобро опремените станови однапред се резервирани за цело лето.

Според агентите за недвижности, како никогаш досега во Битола тешко оди продажбата на куќи и на станови. Во моментов се продаваат преку 400 куќи со цени од 25.000 до 200.000 евра, како и околу 600 станови од кои речиси половината се во нови згради.

А.Б.

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството, првоосомничениот ѝ...

Лишен од слобода малолетник во Скопје кој палел оган и горел кабли

Петнаесетгодишно момче од Скопје е приведено ноќеска поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил по полноќ на подрачјето на Карпош, во...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството,...