fbpx

Нова анализа: Македонија е високо задолжена земја

-

Новата анализа на британската организација „Џубили депт кемпејн“ (Jubilee Debt Campaign), покажува дека Македонија е вброена меѓу државите со висока задолженост.

Според овој извештај, овие високо задолжени држави се во опасна зона поради долгот. Тоа би значело дека при економска криза или, пак, неочекуван скок на каматните стапки, на долг рок може да се случи економска катастрофа.

makedonija vo krizaИзвештајот посочува дека преголемите долгови можат да ја направат ранлива економијата на државата на одредени пазарни промени.

Ниските каматни стапки ги тераат владите, комапниите и потрошувачите на ново прекумерно задолжување што би претставувало потенцијален проблем во иднина.

Според последниот извештај на Народната банка (НБРМ), надворешниот бруто-долг е 6,1 милијарди евра или 68,68 отсто од домашниот бруто-производ (БДП).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...