fbpx

ДДВ за становите останува 5 проценти и следните три години

-

Данокот на додадена вредност (ДДВ) од 5 отсто за становите, што требаше да важи до 31 декември 2015 година, ќе остане непроменет уште три години.

– Интересот за купување станови се зголемува и тоа, пред сè, се должи на повластената ДДВ-стапка од 5 отсто. Затоа бараме пролонгирање на одредбата што го дефинира овој процент, односно стапката на ДДВ да не се зголеми – истакна Марија Петреска од Стопанска комора на Македонија.

Петреска додаде дека евентуалното зголемување на ДДВ од 5 на 18 отсто би повлекло поскапување на становите за околу 13 проценти, а тоа ќе резултира со намалување на прометот за два-три пати и со намалување на приходите во државниот буџет.

Од Министерството за финансии се подготвуваат измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност.

Просечните цени на становите минатата година во Скопје изнесувале 876 евра за еден квадратен метар без ДДВ, за разлика од 2010 година кога биле 1.043 евра. Во останатите населени места низ Македонија еден квадратен метар лани чинел 544 евра, а во 2010 – 718 евра.

Просечната цена на еден квадратен метар станбена површина, според официјалните статистички податоци, се движи околу 750 до 850 евра, меѓутоа во зависност од градот, локацијата, опременоста на становите и од самиот локалитет, цените се различни и некаде достигнуваат и преку 1.200 евра за еден квадратен метар. Во последно време сè почести се најавите од инвеститорите дека постои застој во продажбата на големите станови.

Според инвеститорите, продажбата на новите станови сè уште е на задоволително ниво, становите се продаваат, пред сè, поради локациите на кои се градат станбените згради, потоа опременоста на становите и на објектите, а истовремено поддржани од банките.

Станбените кредити на физичките лица бележат пораст и споредено со 2010 година одобрени се 1.657 милиони денари, а во 2014 година одобрени се станбени кредити во вредност од 3.291 милиони денари или речиси двојно повеќе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...