fbpx
Таг: пресуда

таг: пресуда

Четири затворски казни и една условна во судењето за фалсификуваните пасоши

На денешното рочиште во процесот против вработените во МВР што издавале пасоши со лажни идентитети, паднаа и првите пресуди, во експресна постапка, откако петмина од нив ја признаа вината. Останатите обвинети во овој случај се изјаснија како невини и судењето против нив ќе продолжи во петок, како издвоена постапка. Денис Баруфи беше осуден на 2 години и 7 месеци; Ален...

Насер Ештрефи во новиот процес осуден на 13 години затвор за убиството во Ѓорче Петров

Кривичниот суд во Скопје му досуди казна од 13 години затвор на Насер Ештрефи во повторениот судски процес за убиството на младиот Ангел Петковски во населбата Ѓорче Петров на 19 мај 2014 година. Обвинителството го гонеше Ештрефи по истите наводи според кои тој и претходно беше осуден во првичниот случај - на 14-годишна затворска казна. Убиството на матурантот Петковски се...

Полицијата малтретирала двајца Роми во 2014, Судот во Стразбур пресуди земјава да исплати отштета

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во корист на двајца Роми, кои во 2014 година биле малтретирани од страна на полицијата во Скопје. Двете лица, кои тогаш имале 16 односно 13 години ќе добијат надомест на штета во износ од 7.500 евра поединечно, објави Европскиот центар за права на Ромите, кој ги застапуваше двете лица пред Судот во...

Судот во Стразбур пресуди против Северна Македонија за повреда на слободата на изразување

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во септември 2020 година донел пресуда, со која ѝ се наложува на Република Северна Македонија да му исплати надомест на штета во висина од 3.000 евра на Никола Гелевски, поради повредено право на слобода на изразување, објави „Окно.мк“. Пресудата на ЕСЧП е поврзана и се однесува на случајот во кој поранешниот главен и одговорен...

Порталб: Апелација ја намали казната за убиството на Алмир од 6 на 4 години затвор

Апелациониот суд официјално потврди за „Порталб.мк“ дека ја смениле првостепената одлука за случајот „Алмир Алиу“, со која на Бобан Илиќ, кој со автомобил усмрти 4-годишно дете од Куманово. Казната е намалена од 6 години на 4 години затвор, додека остатокот од одлуката останува ист, односно таткото на Алмир е осуден на 6 месеци, додека другите двајца членови на семејството...

Европскиот суд за човекови права со пресуда против Македонија за прекршување на правата на луѓе кои употребуваат дроги

На 22 октомври годинава, Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донел пресуда против нашата земја, со која утврдил дека државата го прекршила правото на приватност на две лица со откривање на нивните медицински податоци на полицијата, информираат од Коалиција Маргини и Здружението ХОПС - Опции за здрав живот Скопје. „Пресудата се однесува на случај од 2010 година, кога по пријава...

Лидерот на „Златна Зора“ доби 13 години затвор, убиецот на антифашистичкиот рапер доживотен затвор

Во Атина при крај е судењето против лидерот и другите членови на ултранационалистичката партија „Златна Зора“ (Хриси Авги), и денеска се читаат изречените казни, откако минатата седмица беа изречени пресудите за вина. Претседателот на партијата, Николаос Михалолиакос доби 13 години затвор, Јоргос Рупакис доби доживотна затворска казна за убиството на раперот и антираситистички активист Павлов Фисас во 2013 година, како...

Судот ја одби тужбата на Вилма Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Основниот граѓански суд-Скопје ја одби тужбата за клевета на обвинителката Вилма Русковска поднесена против Игор Јанушев и Христијан Мицкоски, односно против опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Тужбеното барање не е усвоено, а на странките во рок од осум дена ќе им биде доставена писмената пресуда, каде истата ќе биде и образложена. Инаку, обвинителката Вилма Русковска покрена тужба за клевета против опозициската партија...

Пребеганиот Груевски осуден на уште 1,5 година затвор, вкупно треба да одлежи 3,5 години во македонските затвори

Четири години откако беше поднесено обвинението, поранешниот премиер, бегалец од правдата, Никола Груевски е осуден на една и пол година затвор и за случајот „Насилства во општина Центар“. Со првата пресуда од 2 години затвор, севкупно пребеганиот поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски треба да одлежи 3,5 години во македонските затвори. Покрај Груевски, на условна казна затвор од една година...

Судскиот спор за рудникот за бакар и злато Иловица-Штука сè уште не стасал до Вишиот управен суд

Судскиот спор за рудникот за бакар и злато Иловица-Штука сè уште не стасал до Вишиот управен суд. Жалбите на канадската компанија „Еуромакс ресурсис“ и Второстепената државна комисија за управни спорови за одлуката на Управниот суд, со која тој ја поништи одлуката за раскинување на договорот за концесија со „Еуромакс“, беа поднесени во јули, но предметот сè уште се наоѓа...

Пресуда од три месеци затвор за сексуален грабливец – локален моќник во првото судење за случај од движењето „#MeToo“ во Србија

Локален моќник озлогласен по сексуално малтретирање жени кои работеле за него во српска провинциска општина добил казна од три месеци затвор на судењето кое се смета за првиот познат случај од движењето за разоткривање сексуално насилство „#MeToo“ во таа земја, извести „Глобал војсис“. Судењето на 58-годишниот поранешен претседател на општина Брус, Милутин Јеличиќ викан Јутка, завршило на 10 јули 2020...

Управниот суд сè уште не донел одлука за тоа кој ќе управува со топловодната мрежа во Скопје

Управниот суд сè уште нема донесено пресуда за тоа кој ќе управува со дистрибутивната мрежа на топлинска енергија во главниот град во иднина. АД Градски енергетски системи (ГЕС) на 3 декември 2019 година поднесе тужба против Решението на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за прекин на постапката за издавање на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија, но до денешен...

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби седум години затвор, Бојан Јовановски – девет години

По шест месеци судење, денеска беа објавени пресудите за случајот „Рекет“. Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета за злоупотреба на службена положба и овластувања доби казна затвор од седум години, додека Бојан Јовановски - Боки 13, за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари“, доби девет години затвор. Пресудата е првостепена, односно уште не е правосилна, а предмалку...

Лани имало 2.000 нови приклучоци на парно во Скопје, но нема развој на дистрибутивната мрежа

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) лани регистрирала 2.000 нови приклучоци во трите системи за снабдување со топлинска енергија во Скопје. Според Годишниот извештај за работењето на РКЕ во 2019 година, бројот на потрошувачи на топлинска енергија се зголемил на 57.517, од кои над 53.000 се приклучени на системот на БЕГ. Станува збор за рекорден број на корисници на централното...

Уште се чека на Управниот суд да пресече кој ќе управува со топловодната мрежа во Скопје

Уште една грејна сезона помина во Скопје, а прашањето за тоа кој ќе управува со топловодната мрежа во главниот град во иднина останува отворено. Сè уште се чека донесувањето на пресудата на Управниот суд во однос на тужбата што ја поднесе АД Градски енергетски ресурси (ГЕС) на почетокот од декември минатата година, против Решението на Регулаторната комисија за енергетика...

Затворски казни до две и пол години за професори од Економски факултет Скопје

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беа изречени пресудите за четиримина професори и еден демонстратор од Економскиот факултет при УКИМ, кои беа обвинети за примање мито од студентите за преодни оценки во судскиот процес „Еразмус“. Професорите Славе Ристевски и Драге Јанев добија по две и пол години затвор, нивниот колега Бобек Шуклев доби две години затвор, демонстраторот Драган Денковски доби...

Тројцата обвинети во „Тарифа“ добија по три години затвор

По три години казна затвор добија тројцата обвинети во случајот „Тарифа“, на Специјалното јавно обвинителство, кој беше за незаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра. Според судот поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ Дејан Бошкоски и раководителите Методиј Стоименовски и Ненад Ѓорговски ја злоупотребиле службена положба и ѝ нанеле штета...

Основен суд Штип: Игор Спасов доби отпуст врз основа на медицинска документација

Специјалецот Игор Спасов, осуден за убиство на Мартин Нешковски, кој се бара по меѓународна потерница, добил условен отпуст по претходно прибавено мислење од страна на ОЈО, како и врз основа на соодветна медицинска документација во оригинал издадена од стручни медицински лица. Дополнително, и врз основа на искази на вешти лица од областа на медицината и известување од установата каде...

Во „Триста“ досудени девет години затвор за Ѓоко Поповски

Во завршницата на повтореното судење за случајот „Триста“ на СЈО, поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, повторно доби 9 години затвор. Според пресудата, Поповски направил злоупотреба на службената положба бидејќи спротивно на Законот за јавни набавки го прифатил предлогот на Комисијата во министерството и во периодот од 2008 до 2012 година не ги избрал најповолните понуди на тендерот за набавка...

ЗНМ бара да се повлече обвинението против Кежаровски

Откако Врховниот суд го врати предметот за новинарот Томислав Кежаровски на повторно судење, денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на прес-конференција побара од Основното јавно обвинителство да го повлече, а од Кривичниот суд да го отфрли, обвинението против новинарот. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, соопшти дека утрово ја разгледале одлуката на Врховниот суд за предметот на Кежаровски и едногласно...

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...