fbpx

Основен суд Штип: Игор Спасов доби отпуст врз основа на медицинска документација

-

Специјалецот Игор Спасов, осуден за убиство на Мартин Нешковски, кој се бара по меѓународна потерница, добил условен отпуст по претходно прибавено мислење од страна на ОЈО, како и врз основа на соодветна медицинска документација во оригинал издадена од стручни медицински лица. Дополнително, и врз основа на искази на вешти лица од областа на медицината и известување од установата каде осудениот издржувал казна затвор дека таков вид на лекување и медицински третман не се пружа во таа установа. Ова попладнето го соопшти Основниот суд во Штип, како одговор на зачестените прашања на јавноста, откако Спасов не се врати по тримесечниот условен отпуст во затворот „Идризово“, каде издржува казна од 14 години.

„На 24.10.2019 година по пошта е примено писмено известување од КПД Идризово, датирано од 21.10.2019 година, со кое се известува судот дека осудениот Игор Спасов не се јавил на доиздржување на казната затвор во таа установа. Од страна на судот, на 25 октомври во претпладневните часови до СВР Штип е доставена Наредба за спроведување на осудениот Игор Спасов на доиздржување на казната затвор со назнака „Итно!“. Во Основен суд Штип од СВР Штип на 28 октомври е доставено известување дека осудениот не е достапен на органите на прогонот, по што веднаш, истиот ден, од страна на судијата за извршување на санкции на ОС Штип е доставена согласност за издавање на потерница по осудениот на територијата на Република Северна Македонија“, стои во соопштението од Основниот суд – Штип.

Понатаму од Судот објаснуваат дека постапувајќи по потерницата, СВР Штип на 29 октомври го известил судот дека  располагаат со потврдени информации дека Игор Спасов не се наоѓа во земјава, па бараат Изјава од судот дека во случај на пронаоѓање на лицето ќе побара негова екстрадиција, со цел да се распише на меѓународна потерница по осудениот. Штипскиот суд истиот ден ја доставил изјавата во СВР Штип ја доставил бараната изјава, по што е распишана и меѓународна потерница.

Игор Спасов, според непотврдени информации, повеќе од две – три седмици е избеган надвор од земјава, преку диви премини, во што имал помош од поранешните колеги – полицајци. Спасов, наводно е во Туција со лажен идентитет, за што платил 15.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...