Фото: Сашо Спасоски

На денешното рочиште во процесот против вработените во МВР што издавале пасоши со лажни идентитети, паднаа и првите пресуди, во експресна постапка, откако петмина од нив ја признаа вината. Останатите обвинети во овој случај се изјаснија како невини и судењето против нив ќе продолжи во петок, како издвоена постапка.

Денис Баруфи беше осуден на 2 години и 7 месеци; Ален Личина на 2 години и 3 месеци; Раиф Мифтари на 2 години и 3 месеци; Ѓорѓи Велков на 2 години, а Фарук Виља условна казна од шест месеци. Освен Мифтари, кој бил посредник, останатите, вработени во МВР, добија забрана за вршење на професија во следните 10 години.

Групата од вкупно 11 обвинети се товари за изработување 215 пасоши со лажни идентитети, од кои дел завршиле кај криминалци од висок калибар од светот.