fbpx
Таг: пратеници

таг: пратеници

Пратениците го поддржаа предлог-законот за основање универзитет „Дамјан Груев“

Собранието денеска во прво читање го поддржа предлог-законот за основање универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“. Планирано е во рамки на универзитетот да функционираат осум целини, односно воена академија, воздухопловна академија, факултет за безбедност, медицински факултет, факултет за мировни студии и за кризен менаџмент, правен факултет, институт за командни и штабни функции и за лидерство и институт за информатички...

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и на Министерството за одбрана. На дневен ред на...

Анкетната комисија утре ќе пропадне како жртва на затворените седници

Дали Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето ќе биде една од жртвите на кризата во спроведувањето на Договорот од Пржино? Утре e последниот ден кога членовите на Анкетната комисија за прислушуваните разговори ќе можат да сослушуваат сведоци или да одат на посета во некоја од државните институции. Пет дена остануваат до крајниот рок да се одржи седница на која треба...

Холандскиот амбасадор ќе ги презентира приоритетите на претседателството со ЕУ

Амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп, денеска пред членовите на Комисијата за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции ќе ги презентира програмата и приоритетите за работа на холандското претседателство со Советот на Европската унија. Холандија го презеде претседавањето со ЕУ на почетокот на годината, за периодот јануари­ - јуни 2016 година.

Повеќе закони на продолжението на 85. собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 85. седница, на која на дневен ред се повеќе закони во прво читање и автентични толкувања. Пратениците треба да се изјаснат за измените и за дополнувањата на законот за експропријација, на царинскиот закон, на законот за финансиските друштва, на законот за вршење услуги брз трансфер на пари, на законот за ревизија,...

Одложено формирањето на анкетната комисија за фалсификуваните лични карти

Формирањето анкетна комисија за скандалот со фалсификувани лични карти е одложено за неколку дена. Членовите на комисијата за избори и за именувања од СДСМ побараа точката да се отстрани од дневен ред, но претседавачот со комисијата, Трајче Димков, само го одложи формирањето за да им остави простор на партиите да предложат свои кандидати што би членувале во ова тело. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ...

СДСМ денеска нема да предложи членови во анкетната комисија за личните карти

Собраниската комисија за изборите и именувањата денеска треба да ја формира анкетната комисија што треба да го расчисти скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши и други документи. Како што дознаваме од неофицијални извори, опозицијата која гласаше против формирањето на оваа комисија, денеска нема да предложи свои членови за да учествуваат во работата на анкетната комисија. Формирањето на оваа комисија го...

Пратениците денеска се враќаат на работа

За пратениците во Собранието на Република Македонија денеска е прв работен ден во 2016 година. Како подготовка за сесијата на Собранието закажана за понеделник, денеска седници ќе одржат седум комисии. Ќе заседаваат комисиите за здравство, за економски прашања, за прашања на изборите и на именувањата, за труд и социјална политика, за транспорт, врски и екологија, за политички систем и односи меѓу...

Пратениците го изгласаа Законот за јавнообвинителска служба на Јанева

Со 75 гласа „за“, пратениците во Собранието попладнево го донесоа Законот за измена и за дополнување на Законот за јавнобвинителска служба, што го бараше специјалната обвинителка Катица Јанева. Измените беа разгледувани во итна постапка. За два часа ја поминаа расправата на пленарна седница, а потоа и второто читање во собраниските комисии. Со овие измени во постојната регулатива во членот 4 се...

Во Собранието продолжува 80. седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 80. седница со расправа за измените и за дополнувањата на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, по скратена постапка. На дневен ред се и дополнувањето на Законот за платите на судиите и измените и дополнувањата на Законот за платите на јавните обвинители, двата по скратена постапка. Пратениците ќе ги разгледаат и предлог-измените...

Заев: Ова е последен 24 декември за власта на Никола Груевски

Денешниот датум, 24 декември, ќе остане во историската меморија на Македонија како ден кога власта на Никола Груевски брутално ја погази парламентарната демократија во Република Македонија, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев пред Собранието. - Прекршија Устав и закони. Ја искористија полицијата за да ги штити. Исфрлија новинари и пратеници од собраниската сала. Зад затворени врати тесната група околу Груевски...

Иванов се обраќа само пред пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Почна обраќањето на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во Собранието на Република Македонија. На свечената седница присуствуваат само пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците од ДПА и од ДУИ не се во салата затоа што не го признаваат Иванов за претседател, а пратеничката група на СДСМ не присуствува на годишното обраќање на претседателот на државата поради, како што рекоа, понижувањето на функцијата. – Учинокот...

Иванов на годишно обраќање пред пратениците

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе има годишно обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија. Иванов редовно при крајот на годината се обраќа пред пратениците, осврнувајќи се на актуелните внатрешни и надворешни случувања во годината што изминува. Како што вчера најавија пратениците на СДСМ, тие нема да бидат во салата за време на обраќањето на Иванов.

Пратениците не изгласаа интерпелација на министерот Тодоров

Со 29 гласа „за“ и со 56 гласа „против“, пратениците во Собранието на Република Македонија ја отфрлија интерпелацијата на министерот за здравство, Никола Тодоров, која беше поднесена од пратеничката група на СДСМ. Претходно, за време на расправата, пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаскa, обвини дека Тодоров е виновен за смртта на Тамара, смртта на родилката од Гевгелија, за нефункционирањето на „Мој термин“ и...

Опозицијата зборува за Тодоров, позицијата за лажните лични карти

„Господине Тодоров, Вие сте лично и директно одговорен за смртта на Тамара. Нели Ви одѕвонуваат во свеста пораките на мајката на Тамара, што Ви ги упати на протестот пред Министерството за здравство“, го праша пратеникот Горан Мисовски министерот Тодоров. - Имавте желба малата Тамара да биде првиот пациент во центарот за сколиоза и поради тоа тактизиравте. Побарајте си го на...

Собранието денеска ќе ги избира членовите на ДИК

Денеска, во 11 часот, во Собранието на Република Македонија ќе се одржи седница на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата, на која ќе се утврдува предлог-одлука за избор на претседател, потпретседател и на членови на Државната изборна комисија. По оваа комисиска седница се очекува да се одржи и пленарна седница, на која ќе се именуваат новите членови на ДИК. Лидерите на...

Во Собранието денеска три седници на комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и за буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците и за одбрана и безбедност. На седницата на Комисијата за финансирање и за буџет се предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, во прво читање, и на Законот за регистрирање готовински плаќања, во второ...

Јанкулоска не се појави пред Анкетната комисија, на ред е Груевски

Членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушување не го изгласаа дневниот ред на седницата на која требаше да сведочи поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Пратениците отидоа на координација да го договорат редоследот по кој ќе му поставуваат прашања на премиерот, кој треба да сведочи од 12 часот. Според деловникот, први ќе поставуваат прашања двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, еден од...

Пратениците денеска ќе дебатираат за загадениот воздух

Собранието на Република Македонија денеска треба да одржи ново продолжение на 74. седница. На дневен ред се предлог-законот за амнестија во прво читање и информација за енормното загадување на амбиенталниот воздух во земјава.

Извештајот на ЕК за Македонија на дневен ред во Собранието

Tретото продолжение на 74. седница, на чиј дневен ред е извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година, денеска треба да се одржи во Собранието. Пратениците на ова продолжение треба да расправаат и за предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, Законот за градење, Законот за учебници за основно и...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...