fbpx
Таг: пожар

таг: пожар

Шест лица се повредени во пожари во куќи во Тетово и во Скопје

Вчера, околу 17.45 часот, во Тетово на улицата Полог, од засега непознати причини избувнал пожар на третиот кат од куќата во сопственост на Џ.Ц.(62). Поради вдишување чад, три лица се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово. Пожарот бил локализиран, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден. Вчера, околу 20 часот, во Скопје на улицата Брсјачка буна, настанал пожар...

Во пожар изгореле два автомобили во Штип

Утрово, околу 5.10 часот, од засега непознати причини настанал пожар на две возила, паркирани на улицата Никола Карев во Штип, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, во пожарот целосно изгореле автомобил, марка „ауди а4“, соопственост на 26-годишниот П.М. и автомобил „фиат брава“, сопственост на Д.Ј. (36), двајцата од Штип. Според полицијата, штипската територијална противпожарна единица го локализирала пожарот во 5.35 часот,...

Седум повредени во пожар во Чаир

Седум лица се повредени, од кои три се деца, во пожарот кој утринава, во два часот по полноќ, избил во стан на улицата Џон Кенеди во Скопје. Како што соопшти МВР, пожарот избувнал во станот на Х.Ф. (1984). Сопственикот на станот добил изгореници од втор и од трет степен на двете раце и на лицето, поради што е задржан во...

Пожарникар и полицаец повредени при гаснење пожар во стан во Штип

Ноќеска, триесетина минути по полноќ, избувнал пожар во стан на улицата Сутјеска во Штип, во кој изгорела целата покуќнина, информираат од полцијата. При гаснењето на пожарот, од пламенот и од чадот биле повредени пожарникар и полицаец, кои веднаш биле пренесени во Клиничката болница во Штип. Кај пожарникарот биле констатирани изгореници од втор степен на лицето и на дланките и тој бил...

Во пожар изгорела фабрика за паркет и за брикети во Виница

Во пожар, кој избувнал во средата попладне, изгорела фабриката за паркет и за брикети „Бор - вуд“, во населбата Градец, во Виница, сопственост на 32-годишниот Б.М., соопшти денеска полицијата. Со пожарот, според полициските информации, биле зафатени таванскиот простор, дрвената покривна конструкција, две машини за обработка на паркет, една машина за пакување паркет, една машина за калибрирање паркет и поголемо количество готов паркет и...

Во пожар оштетени две возила

Вчераутро во пожар биле оштетени две возила, во подземните гаражи на улицата Франклин Рузвелт, соопшти денеска полицијата. Станува збор за автомобили, марка „опел вектра“ и „форд фиеста“. Случајот околу 8 часот во полиција го пријавил сопственикот на возилата. Пожарот бил изгаснат од екипа на противпожарната бригада, а причината за настанувањето на пожарот и материјалната штета ќе бидат дополнително утврдени, информираат од...

Жител на Дурачка Река се задушил од чад од пожар во својот дом

Вчера, околу 11.30 часот, во полициската станица во Крива Паланка било пријавено дека 50-годишниот Орце И. од селото Дурачка Река починал од задушување со чад, во пожар кој избувнал во неговиот дом. Како што информираат од полицијата, пожарот настанал кога од шпоретот на дрва се запалиле дел од кујнските елементи и облека. Увид на местото извршила екипа од надворешната канцеларија за...

Во пожар во автобус загинале 14 лица во Кина

Во пожар во автобус, во Северна Кина загинале 14 лица, а повеќе од 30 биле повредени. Полицијата трага по едно лице кое е осомничено за таа несреќа, соопштија властите. Инцидентот се случил во Јинчуан околу 7 часот по локално време. Причината за пожарот сè уште се истражува. Изминатите години во Кина се случиле повеќе сериозни пожари во автобуси, за кои се виновни лица...

14 семејства во Штип ги поминуваат зимските ноќи под ведро небо

Четврта ноќ по ред, под ведро небо, на негативна температура ќе преспијат педесетината станари на опожарената зграда на некогашното нервно одделение во Штип. Меѓу нив има и мали деца, стуткани под најлоните, поставени под стреите на околните згради. Еден мал дел е згрижен кај роднини, а другите ја очекуваат грижата од заедницата. Помошта, велат, тешко стигнува. Особен проблем е немањето храна. -...

Изгоре привремениот дом за бездомници во Штип

Педесетина Роми, од кои повеќе од половината се деца, првиот ден од новата година го поминуваат на отворено откако рано изутрината, пред 5 часот, пламна зградата на поранешното невро-психијатриско одделение на Клиничката болница во Штип, во која привремено живеат. Огнот пламнал од покривот и од влезната врата кога станарите спиеле, а 14 семејства брзо излегле надвор. Но, според нивното сведочење,...

Пожарот што го зафати хотелот „Адрес даунтаун“ во Дубаи сè уште е активен

Големиот пожар што синоќа го зафати луксузниот хотел „Адрес даунтаун“ во центарот на Дубаи, сè уште е активен. Пожарникарите се обидуваат да го совладаат пламенот на 302 метри високиот хотел со пет ѕвездички. Сè уште не се познати причините за пожарот, што се појавил во 21 часот по локално време и зафатил најмалку 20 ката во зградата, во близина на највисокиот облакодер во...

Во пет пожари во Кејптаун загинаа девет лица

Девет лица загинаа во пожари што изминатиот викенд го зафатија јужноафриканскиот град Кејптаун, а помеѓу жртвите се и две девојчиња, соопштија официјални лица. Околу 1.500 луѓе останале без дом откако во текот на викендот, пет одвоени пожари го зафатија крајбрежниот град во Јужна Африка, изјави портпаролот на пожарникарската служба, Тео Лејн. Тој изјави дека првиот пожар избил во петокот, на 25 декември,...

Саудиска Арабија: 25 загинати во пожар во болница

Дваесет и пет лица загинаа, а 107 се повредени во пожар што синоќа изби во болница во Саудиска Арабија, соопшти цивилната заштита на кралството. Пожарот избувнал на првиот кат, каде се наоѓаат породилното и одделението за интензивна нега. Засега не се познати причините за пожарот.

Пожар во стан на улица Шумадинска

Пожар зафати стан од станбена зграда на улица Шумадинска во скопската општина Центар. На местото на пожарот има две противпожарни возила и две полициски возила. Од полицијата кратко соопштија дека пожарот е локализиран на првиот кат од зградата и дека се работи на неговото целосно згаснување. Жителите од зградата, кои беа евакуирани, кратко искоментираа дека во станот живеела постара жена. Сè уште нема информации...

Пожар целосно пеплоса куќа во Тетово

Пожар што избувнал синоќа, околу 20.30 часот, во семејна куќа во Тетовско, целосно го пеплосал домот на шестчлено семејство. Огнот први го забележале соседите, кои веднаш интервенирале во гаснењето. Во меѓувреме била повикана тетовската противпожарна единица, која го локализирала пожарот. - На терен е излезено со три противпожарни возила и со седум пожарникари. Луѓето се евакуирани и пламените јазици се ставени под контрола. Спречено е проширување...

Поради пожар, исклучен нуклеарен реактор во Белгија

Белгиски нуклеарен реактор во електрана на истокот од земјата, е исклучен откако избил пожар во дел од електраната, соопшти енергетската компанија „Електрабел“. Компанијата наведе дека реакторот „тианж 1“, автоматски е исклучен синоќа откако избил пожарот во областа над нуклеарната зона, во погонот за снабдување на фабриката со електрична енергија. Затворањето на реакторот, како што информираше компанијата, е дел од нормалната процедура во...

Пламен од запалка, причина за пожарот во фабриката за пиротехника во Сопиште

Директна изложеност на пламен од запалка била причината за пожарот во фабриката за пиротехника „Ице - мак“ ДОО во Сопиште, кој се случи на 24 јули 2014 година и во кој животот го загубија три лица, утврдила истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје, соопштија денеска од јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, по наредба на обвинител била извршена реконструкција на...

Во пожар во болница во Русија починаа 23 лица

Најмлаку 23 лица загинаа, а неколку десетици се повредени во пожар кој избувнал во болница за невролошки заболувања во рускиот регион Вороњеж, во централна Русија, јавија руските медиуми. „Раша тудеј“ пренесува дека во моментот на избувнување на пожарот, во зградата биле повеќе од 70 лица, односно пациенти и медицински персонал. Од нив, 53 биле евакуирани од зградата за време на...

Запален автомобил во населбата Аеродром

Ноќеска, триесетина минути по полноќ, бил запален автомобил марка „пежо 307“, на булеварот Јане Сандански, во близина на Мајчин дом, во населбата Аеродром, информира полицијата. Екипа на скопската противпожарна бригада интервенирала на местото и го изгаснала пожарот. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Шест деца загинаа во пожар во училиште во Турција

Во пожар во училиште во провинцијата Дијарбакир во Турција загинаа шест деца, јави турската државна агенција „Анадолија“. Во несреќа во селото Карагак на југоистокот на земјата, повредени се уште шест ученици. Се верува дека пожарот во училиштето го предизвикал дефект на електричната инсталација, наведува агенцијата „Анадолија“.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...