Пожар зафати стан од станбена зграда на улица Шумадинска во скопската општина Центар.

На местото на пожарот има две противпожарни возила и две полициски возила.

Од полицијата кратко соопштија дека пожарот е локализиран на првиот кат од зградата и дека се работи на неговото целосно згаснување.

Жителите од зградата, кои беа евакуирани, кратко искоментираа дека во станот живеела постара жена.

Сè уште нема информации за повредени и за материјална штета.