fbpx

Седум повредени во пожар во Чаир

-

Седум лица се повредени, од кои три се деца, во пожарот кој утринава, во два часот по полноќ, избил во стан на улицата Џон Кенеди во Скопје.

Како што соопшти МВР, пожарот избувнал во станот на Х.Ф. (1984). Сопственикот на станот добил изгореници од втор и од трет степен на двете раце и на лицето, поради што е задржан во Ургентен центар – Пластична хирургија.

Во пожарот, исто така, се повредени и И.Ф. (66), Р.Ф. (35) и С.М. (20), кои се задржани на Клиниката за токсикологија, како и три деца на возраст од 11, седум и една година, кои се задржани на Клиниката за педијатрија.

Пожарот синоќа го локализирала противпожарната служба, а денеска се врши увид на местото за да се утврди причината за неговото настанување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.