fbpx
Таг: пожар

таг: пожар

Голем пожар во центарот на Каиро, повредени 81 лице

Во пожарот во центарот на Каиро повредени се 81 лице, меѓу кои има и пожарникари, потврдија египетски официјални лица. Пожарот избил во текот на ноќта во хотелот „Ал Моски“, недалеку од џамијата „Ал Азхар“ и бргу се проширил на четири околни згради. Во кругот на деловниот комплекс во кој се случил пожарот има и складишта со лесно запаливи материјали кои се користат...

Пожарот и понатаму се шири, продолжува евакуацијата

Канадските власти почнаа евакуација на илјада лица од работните кампови северно од градот Форт Мек-Муреј поради пожарот кој и понатаму се шири во канадската држава Алберта. Осум илјади лица вчера со авион беа евакуирани, а денеска ќе продолжи евакуацијата и по автопат, ако биде доволно безбеден од пожар. Премиерката на Алберта, Рејчел Нотли, изјави дека првиот конвој ќе биде составен од...

Вонредна состојба во Алберта

Канадските власти прогласија вонредна состојба во провинцијата Алберта, откако поради пожарот во градот Форт Мек-Муреј се евакуирани 88.000 лица. Претставниците предупредуваат дека огнот и понатаму се заканува да уништи дел од градот и оти следните 24 часа се од пресудно значење. Пожарот изби во неделата, во предградие на Форт Мек-Муреј, зафаќајќи ја шумата. Потоа следуваше и најголемата евакуација во историјата на...

Поради силен пожар, евакуиран цел град во Канада

Околу 60.000 луѓе, целата популација на Форт Мек-Муреј, се евакуирани поради огромен пожар што го зафатил овој канадски град во провинцијата Алберта, јавуваат светските медиуми. Пожарот, како што пренесува „Би-би-си“, уништил поголем број домови, а улиците на градот се покриени со пепел. Бегајќи, жителите на Форт Мек-Муреј предзвикале метеж и блокада на главниот пат од градот, на околу 380 километри северно...

Пожар во четири православни цркви за Велигден

Две православни цркви во Австралија на Велигден ги зафати пожар, само неколку часа откако во Њујорк на Менхетен изгоре српска православна црква. Денеска во текот на денот пожар зафати и манастир во Русија. Од црквата во Њујорк по пожарот останале само ѕидовите, македонската православна црква во Сиднеј е целосно уништена, додека грчката православна црква во Мелбурн е само оштетена. Пожарот...

Пожар во македонска православна црква во Сиднеј

Неколку часа по велигденскиот собир, се запалила црквата „Христово воскресение“ во Рокдејл, Сиднеј. Причините за пожарот, кој избувнал од покривот, сè уште не се познати, но австралиската полиција истражува дали пожарот бил подметнат. Во гаснењето на пожарот учествувале 60 пожарникари, а тројца од нив биле повредени. Домот за стари лица што се наоѓа до црквата веднаш бил евакуиран. Оваа црква е во надлежност...

Петгодишно дете, тешко повредено во пожар во Битола

Петгодишно дете било тешко повредено во пожар што вчера, околу 16 часот, од засега непознати причини, избувнал во куќа на улицата Мукос во Битола, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, кај детето биле констатирани тешки телесни повреди на рацете, нозете и лицето и е во животна опасност. Детето по укажната лекарска помош во Клиничката болница во Битола било префрлено во...

Пожар на руски танкер, едно лице загинато

Во пожарот кој избил на руски танкер во Касписко Море, во туркменистанските води, загина едно лице, објави спасувачкиот центар во Авганистан. „Во 9 часот ја примивме информацијата дека во јужните води на Касписко Море се запалил рускиот танкер „Паплфлот“. Од танкерот се евакуирани десет луѓе, а загинало едно лице кое работело како механичар“, наведуваат од центарот. Во моментов три азербејџански бродови и два...

Пожар во бегалскиот центар кај Солун, нема потешко повредени

Пожар изби попладнево во прифатниот бегалски центар во Дијавата, во близина на Солун. Огнените јазици пеплосаа повеќе од 20 шатори, но, за среќа, нема жртви, ниту повредени бегалци во центарот. Пет противпожарни возила подолго време го гаснеа огнот, поради што бегалскиот центар беше обвиен во црн чад, предизвикувајќи голема вознемиреност кај бегалците. Бегалците и пожарникарите стравуваа пожарот да не се прошири и на...

Пожар во рафинерија во Турција, еден загинат и четворица повредени

Едно лице загина, а четворица се повредени во пожарот што изби во рафинеријата за нафта „Тупраш“ во турскиот град Измит. Како што соопшти турската телевизија НТВ, пожарот избил синоќа околу 22.40 часот по локално време, а бил изгаснат еден час подоцна. Локалните власти соопштија дека повредените се хоспитализирани и се во стабилна состојба. Засега не се познати причините за пожарот.

Најмалку 100 загинати и 250 повредени во пожар во Индија

Најмалку 100 лица загинаа, а повеќе од 250 се повредени рано изутринава во пожар, кој избувна во еден храм во јужниот дел на Индија. Министерот за внатрешни работи, Рамеш Ченитала, изјави дека пожарот избувнал кога искра од огнометот запалила други пиротехнички средства, кои биле складирани во храмот „Путингал“ во селото Паравур, во индиската сојузна држава Керала. Во комплексот се наоѓале повеќе...

Десет хектари шума изгореа во пожар во селото Луке, Кривопаланечко

Десет хектари шума вчера биле уништени во пожар во атарот на Кривопаланечкото село Луке. Во огнената стихија која избувнала околу 10 часот изгореле по неколку хектари борова, букова и багремова шума, нискостеблести растенија и мала површина со трева. Гасењето на пожарот траело цел ден, а во него учествувале екипи на територијалната противпожарна единица на Крива Паланка, од Јавното претпријатие „Македонски...

Три деца загинаа во пожар во бегалски камп во Турција

Турската државна агенција денеска соопшти дека во пожар во бегалски камп во близина на границата со Сирија загинале три деца, а повредени се шест возрасни. Како што пренесуваат турските медиуми, во кампот се наоѓаат околу 20 илјади бегалци од Сирија. Приватната агенција „Доган“ соопшти дека децата биле на старост меѓу три и осум години. Едно ете загина во пожар кој минатата...

Пожар на трафостаница го остави Гостивар без струја

Експлозија на трафостаница во Гостивар, која предизвика пожар на овој објект го остави поголемиот дел од градот без струја. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија настанал околу 2.30 часот по полноќ, кога настанала експлозијата. - Се случил дефект на главната трафостаница Гостивар 1. Дефектот набргу е саниран. Во поголемиот дел од Гостивар каде имаше прекини во снабдувањето со струја, состојбата...

Запален автомобил на скопјанец во населбата Шуто Оризари

Непознат сторител синоќа, околу 20 часот, подметнал пожар во автомобил, марка „фолксваген голф 4“, кој бил паркиран на улицата Виетнамска во Скопје, информираат од полицијата. Од пожарот била зафатена десната страна на возилото. Екипа на скопската противпожарна бригада веднаш интервенирала на местото и го изгаснала пожарот. Увид бил извршен од екипа на Секторот за внатреши работи Скопје, кој презема мерки за...

Пожар во две куќи во Кавадарци

Две куќи се запалија денеска во центарот на Кавадарци. Според првичните информации на територијалната противпожарна единица од овој град, причината за првиот пожар е неисправната електрична инсталација. Во вториот случај, пак, најверојатно се работи за неправилно изведен оџак кој се запалил. На двете локации интервенирале по две возила и по четворица пожарникари. Илчо Богевски, командир на територијалната противпожарна единица, апелираше до...

Железничката линијата кон Кочани повторно е во функција

Железничката линија од Кочани кон Скопје, по пожарот на локомотивата што се случи пред две недели, повторно е во функција. Пожарот на локомотивата го актуелизираше проблемот со единствната железничка линија што води кон Кочани, по што раководството на „Македонски железници“ излезе со најава дека се размислува за нова линија. - Годинава размислуваме да воведеме редовна патничка линија од Кочани за Штип и обратно, на барање...

Во Тетово изгоре кат од куќа на пожарникар

Кат од куќа во близина на средното текстилно училиште во Тетово целосно изгоре во пожар. Објектот е сопственост на лице вработено во тетовската противпожарна единица, кој во моментот на избувнувањето на пожарот бил на работа. Тој заедно со своите колеги интервенирал во гасењето на пламените јазици, кои веќе се целосно локализирани. - Јас и татко ми бевме на работа додека другите...

Голем пожар во Москва, пронајдени 11 тела

Во московската фабрика во која изби голем пожар, пожарникарите пронајдоа тела на 11 луѓе, изјави портпаролката на рускиот истражен комитет, Јулија Иванова. Полицијата спроведува истрага за да ги утврди причините за смртта на лицата и дали пожарот бил подметнат. Извори укажуваат дека пожарот можеби бил намерно предизвикан за да се скрие друго злосторство. Истражните органи потврдија дека во синоќешниот пожар, уништени се...

Опожарени три куќи во Лазарополе

Вчера во 5 часот, во Горна Чешма, во селото Лазарополе настанал пожар во викенд-куќа, стара градба, по што се проширил и зафатил уште две куќи што биле прилепени до опожарената. Пожарот бил локализиран, а од увидна екипа на полициската станица Гостивар излезено е на местото на настанот и увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...