Во московската фабрика во која изби голем пожар, пожарникарите пронајдоа тела на 11 луѓе, изјави портпаролката на рускиот истражен комитет, Јулија Иванова.
Полицијата спроведува истрага за да ги утврди причините за смртта на лицата и дали пожарот бил подметнат.
Извори укажуваат дека пожарот можеби бил намерно предизвикан за да се скрие друго злосторство.
Истражните органи потврдија дека во синоќешниот пожар, уништени се 3.000 кавадратни метри простории за шиење облека.
Кривичната истрага е почната кога пожарникарите го ставиле пожарот под контрола, синоќа околу 23 часот.
Полициски извори претходно открија дека жртвите „не се од словенско потекло“. Сè уште се работи на откривање на нивниот идентитет.
Засега не е познато дали жртвите загинале во пожарот или се убиени претходно.