fbpx
Таг: пожар

таг: пожар

Изгореа бараките кај ресторан „Имес“

Неколку бараки изгореа во синоќешниот пожар на скопскиот булевар Илинден, во близина на ресторанот „Имес“. Шест противпожарни возила го гаснеа пожарот, кој ги зафатил бараките што се користеа како магацински простор. Засега не се знаат причините за избувнувањето на пожарот, кој предизвика голема материјална штета.

Спој во електричната инсталација, причина за пожарот во зградата на Владата!?

Спој во електричната инсталација, што се случил додека се изведувале градежни работи, е првичната и неофицијална причина за пожарот што изутринава ја зафати фасадата на владината зграда, велат извори од МВР. Денеска, полициски тимови извршија увид на местото, а по анализата и вештачењето на подигнатиот материјал, и официјално ќе се знаат причините за пожарот. Од огнот, како што соопшти командирот на скопската...

(ФОТОГРАФИИ) Се запали новата фасада на Владата, штетата незначителна

Екипите на скопската протипожарна бригада го изгасија пожарот што утрово избувна во источната зграда на Владата, на делот од фасадата свртен кон булеварот Партизански одреди. Како што изјави командирот на противпожарната бригада, Благоја Менковски, пожарот ја зафатил фасадата на зградата и дел од електричната инсталација, внатре во објектот, но не е причинета голема материјална штета. - Бригадата за противпожарна заштита на Град...

Пожар во зградата на Владата

Утрово пожар ја зафати зградата на Владатa. Пожарот избувнал во подрумските простории на објектот. Граѓаните кои поминувале покрај него, велат дека прво се видел бел дим, а потоа и пламени јазици. На терен се шест противпожарни возила, а вработените се евакуирани.

Дефект на електричната инсталација, причина за малиот пожар во владата?

Малиот пожар кој утрово избувнал во зградата на Владата, на Илинденска во Скопје, е локализиран, а причинета е само мала материјална штета, извести репортерот на агенцијата „Мета“. Според нашите информации, пламенот избувнал од источниот блок од објектот на Владата. Три противпожарни единици веднаш се упатиле на самото место, иако немало потреба од поголема интервенција. Во моментов се истражува како избувнал пожарот, а...

Хуманитарна акција за седумчлено семејство од Велес

Хуманите луѓе можат да ги донесат своите донации во продавницата на Биокосмос-Велес
Добротворна акција за собирање донации за седумчленото семејство Давчевски од Велес, на кое во пожар целосно му изгоре куќата, организира Здружението на граѓани „Уметност на живеење Македонија“. Хуманите луѓе можат да ги донесат своите донации во продавницата на „Биокосмос-Велес“, спроти гимназијата, в сабота, 8 ноември, од 8 до 21 часот.

Отворена сметка за обнова на опожарената црква „Св. Спас“ во Владимирово

Меѓу првите донатори се најавени владимировците Благоја Ханџиски и Снежана и Љубчо Георгиевски
Ќе се собираат пари за обнова на опожарената црква „Св. Спас“ во Владимирово, одлучи синоќа Иницијативниот одбор. Како што информираат оттаму, сметка за донација е отворена во Комерцијална банка. Меѓу првите донатори се најавени владимировците Благоја Ханџиски и Снежана и Љубчо Георгиевски, како и Фондацијата „Д-р. Михаил Левенски“. Одборот упати апел до сите жители и иселени од Владимирово да го помогнат обновувањето...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...