fbpx
Таг: пожар

таг: пожар

Пожар во автосервис во Злокуќани

Во автосервис во Злокуќани синоќа избил голем пожар. Пожарот зафатил половина од објектот со големина од 300 квадратни метри, а надлежните истражуваат како настанал.

Сопственикот на „Велково меанче“ и на „Кул“ тврди дека не добивал закани

Сопственикот на кафеаната „Велково меанче“ и на кафулето „Кул“ , кои изгореа во пожар, во разговор со полицијата рекол дека не добивал закани или дека некој се обидувал да изнуди пари од него, пренесува телевизија „Телма“, повикувајќи се на информации од МВР. Од МВР велат дека бил извршен увид и засега е рано да се кажат причините и да се претпоставува...

Изгоре кафулето „Кул“ во ТЦ „Бисер“

Утрово, во пожар што избувнал околу 3 часот, целосно изгоре кафулето „Кул“ во трговскиот центар „Бисер“, во скопската населба Аеродром. Во пожарот нема настрадани, а бил опожарен простор од околу 200 квадратни метри. Според противпожраната бригада, во гаснењето на пожарот учестувале 12 пожарникари, кои за кратко време успеале да се справат со огнот и да спречат тој да се прошири на...

Во пожар изгоре дел од потпокривот на „Велково меанче“

Денеска во пожар во скопската кафеана „Велково меанче“ изгоре помошниот дел во потпокривот и неколку машини, пренесуваат медиумите. Нема информации за настрадани лица. Според информациите, кратко време по избувнувањето на пожарот, на местото пристигнале четири протипожарни возила, а на помош биле повикани уште три. Во гаснењето на пожарот учестувале 20 пожарникари. Како што известуваат медиумите, според очевидци, покривната конструкција горела бргу бидејќи...

Во пожар во трговски центар во Пакистан изгореа 13 луѓе

13 луѓе загинаа во пожар во трговски центар во Лахор, на истокот од Пакистан. Според медиумите во Пакистан, пожарот избувнал во најстариот трговски центар во Лахор, којшто се смета за културен центар на Пакистан, а жртвите починале како последица на изгореници и вдишување чад. Меѓу нив имало и жена и дете. Причина за пожарот бил краток спој во една од работилниците.

Четири нови жртви на „Норман Атлантик“

Грчкиот министер за поморство, Милтиадис Варвициотис, потврди дека италијанските спасувачки служби нашле четири загинати патници во вода околу бродот „Норман Атлантик“. Информацијата прво ја најави еден од спасените патници, кој тврдеше дека видел четири безживотни тела кога го напуштал фериботот. Вчера загина еден патник при обидот да биде извлечен од бродот. Во моментов се извлечени вкупно 391 од 478 патници.

Продолжува извлекувањето на патниците од „Норман Атлантик“

Сè уште трае голготата на патниците на бродот „Норман Атлантик“, кој се запали вчера, околу 4 часот изутрина, на отворено море во близина на Крф. По 24 часа борба со огнените јазици, чадот, лошото, студено време, 162 патници од вкупно 478 сè уште чекаат да бидат извлечени од фериботот. Крајбрежните и воените служби на Италија и на Грција продолжуваат со...

Изгоре црква во Богданци

Денеска претпладне избувнал пожар во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Богданци, пренесува телевизијата „24 Вести“. Огнот избувнал во внатрешноста на црквата и за кратко време се проширил на покривната конструкција. Свештениците и месното население кое дошло на помош успеале да ги спасат сите икони од црквата, но не и останатиот инвентар, кој изгорел. Во гасењето на пожарот учестувала екипа на гевгелиската противпожарна...

Запалена џамија во Шведска, петмина повредени

Најмалку пет лица се повредени во пожар, кој денеска бил подметнат во џамија во шведскиот град Ескилстуна, пренесуваат светските агенции, повикувајќе се на полициски информации. Според полицијата, очевидец забалежал како некој фрлил предмет низ прозорец од зградата во која се наоѓа џамијата, по што настанал пожар. Полицијата сè уште го истражува случајот и засега нема уапсени лица. Инцидентот се случува во момент...

Доделени наградите за најдобар полицаец, пожарникар и крводарител

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска им ги додели наградите на најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје за 2014 година, а наградата е по 10.000 денари. Годинава, наградата за најдобар полицаец ја доби Љупчо Стојановски, вработен во полициска станица од општа надлежност во Гази Баба. Најдобар пожарникар е Зоран Ј. Трајаноски, пожарникар-спасител во бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и...

Жена загинала во пожар во струмичко Куклиш

Шеесетгодишна жителка на струмичкото село Куклиш го загубила животот во пожар што синоќа околу 22.30 часот избувнал во куќа во селото, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, станува збор за Еленка З., која починала од труење со чад. Таа спиела во моментот кога избувнал пожарот на долниот кат од куќата, кој целосно изгорел. Смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош. Пожарот...

Голем пожар во центарот на Лос Анџелес

Голем пожар го зафати денеска Лос Анџелес, кадешто се запалила дрвена конструкација на објект во изградба во центарот на градот. Два автопати се затворени за сообраќај откако ги зафати голем облак од чад. Во пожарот нема повредени, а во гаснењето учестувавале 250 пожарникари.

Опожарен автомобилот на судијката Габриела Гајдова

Автомобилот на судијката од велешкиот суд, Габриела Гајдова, изгорел вчеравечер околу 21 часот, а причините за пожарот сè уште не се познати. Автомобилот на судијката бил паркиран пред семејната куќа, а кога избувнал пожарот, таа и нејзиното семејство не биле дома. За инцидентот биле информирани од соседите. Огнот не се проширил на резервоарот со бензин, но целосно се уништени моторот и...

Пожарот во „Јан Амос Коменски“ бил од заборавена греалка?

Пожар во работилница во подрумските простории избувнал утринава во Основното училиште „Јан Амос Коменси“ во Скопје. Командирот на скопската Противпожарна бригада, Благоја Менковски, за новинската агенција „Мета“ изјави дека веднаш било реагирано и пожарот е ставен под контрола. - Во работилница во подрумската просторија на училиштето, најверојатно од заборавена греалка избил пожар. Нема повредени, а пожарот е целосно изгаснат - изјави за...

Кина: 24 загинати при пожар во рудник

Најмалку 24 рудари загинаа, а 52 се повредени во рудникот за јаглен во Кина, соопшти денеска агенцијата „Синхуа“. Акција за спасување во рудникот во североисточната покраина Лиајонинг е завршена, а работата во рудникот е запрена. Според првичните резултати од истрагата, причина за пожарот бил слаб локален земјотрес, со магнитуда од 1,6 отсто. Според официјалните податоци, минатата година во рударски несреќи во Кина...

ОУ „Лазо Ангеловски“ го освои првото место на натпревар за противпожарна заштита

Екипата на ОУ „Лазо Ангеловски“ го освои првото место во категоријата кадети на регионалниот квиз-натпревар за противпожарна заштита, кој се одржа на 19 ноември 2014 година во просториите на „Даре Џамбаз“. Како победничка на ниво на Град Скопје, екипата на ова училиште ќе учествува на државниот противпожарен квиз-натпревар што ќе се одржи во декември, во Кочани, во организација на Противпожарниот сојуз на Македонија. Претходно,...

Во пожар изгоре куќа во Кочани

Пожар вчера избувнал во домот на 59-годишна жителка на Кочани, која во тој момнет била сама во куќата, пренесува „Плусинфо“. Пожарот ја зафатил покуќнината, а жената, поради чадот кој го вдишувала, била пренесена во медицинскиот центар во Кочани. Денеска, стручни тимови треба да извршат увид во домот на кочанката за да се утврдат причините за пожарот.

По пожарот во Чаир, хоспитализирани четири деца

Пожарот е локализиран и изгаснат
Шест лица се хоспитализирани, а 11  се повредени во денешниот пожар што избувна во зграда во скопската населба Чаир. На Клиниката за детски болести биле примени четири деца на возраст од девет месеци до девет години. Сите пациенти се надвор од животна опасност. Еден од пациентите, кој се здобил со изгореници, е хоспитализиран на Клиниката за токсикологија, а неговата здравствена состојба е стабилна. Пациентот...

Локализиран пожар во зграда во Чаир

Пожарот е локализиран и изгаснат
Голем пожар што зафати зграда во скопската населба Чаир е локализиран и изгаснат. Неколку стана беа опожарени и сè уште нема информации дали има настрадани. Пожарот ги зафатил петтиот, шестиот и седмиот кат на зградата, каде интервенираа тимовите на противпожарната единица.

Осумнаесет луѓе загинаа во пожар во фабрика во Кина

Осумнаесет луѓе загинаа во пожар во фабрика за прехранбени производи на исток во Кина. Во пожарот во фабриката „Лонгјуан фуд“ повредени се 13 луѓе, додека двајца се во критична состојба. Причината за пожарот не е позната и полициската истрага е во тек.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...