Кина: 24 загинати при пожар во рудник

Според првичнте информации, пожарот бил предизвикан од слаб земјотрес

Најмалку 24 рудари загинаа, а 52 се повредени во рудникот за јаглен во Кина, соопшти денеска агенцијата „Синхуа“.

Акција за спасување во рудникот во североисточната покраина Лиајонинг е завршена, а работата во рудникот е запрена.

Според првичните резултати од истрагата, причина за пожарот бил слаб локален земјотрес, со магнитуда од 1,6 отсто.

Според официјалните податоци, минатата година во рударски несреќи во Кина загинаа 1.049 лица, а независните организации се сомневаат дека бројката е поголема бидејќи бројот на несреќи бил голем.