fbpx

Продолжува извлекувањето на патниците од „Норман Атлантик“

-

Сè уште трае голготата на патниците на бродот „Норман Атлантик“, кој се запали вчера, околу 4 часот изутрина, на отворено море во близина на Крф. По 24 часа борба со огнените јазици, чадот, лошото, студено време, 162 патници од вкупно 478 сè уште чекаат да бидат извлечени од фериботот. Крајбрежните и воените служби на Италија и на Грција продолжуваат со извлекувањата без престан. Во моментов, според информациите, извлечени се 316 патници, а 49 од нив веќе се стигнати во Бари со ферибот и шест на Крф, каде се проверува нивната здравствена состојба. Патниците успеаја да ја пребродат студента ноќ. Нема повредени патници и нови жртви. Сè уште нема конкретни информации дали тројцата македонски граѓани се префрлени на некои од бродовите заедно со спасените или сè уште чекаат да бидат извлечени.

Според информациите во Грција, рано изутринава на бродот биле пренесени медицински екипи за да им помогнат на патниците што имаат проблем со хипотермија. Патниците веќе 30 часа стојат на отворена палуба, а во текот на вчерашниот ден беа соочени со дожд и со ветер од една страна и со пожар на бродот од друга. На извлечените патници веднаш им се пружа медицинска помош.

Спасувачката мисија траеше во текот на целата ноќ. Во еден момент патниците се пренесуваа од „Норман Атлантик“ на италијански воен брод, меѓутоа поради лошите временски услови, оваа мисија беше стопирана. Извлекувањата продолжија и во моментов траат со помош на воени хеликоптери од италијанска и од грчка страна. Планот на италијанската страна беше бродот да се шлепа до италијанското пристаниште Бриндиси, но поради проблеми, во моментов шлепањето е одложено.
Трагедијата со „Норман Атлантик“ почна вчера, по 4 часот изутрина, кога на бродот изби пожар од гаражата, каде има 222 возила. Еден од патниците го загуби животот при обидот да биде извлечен од бродот поради пад во вода и премрзнување. Спасувачката мисија ја води Италија со грчка помош.

Грчките медиуми јавуваат дека пред една недела, при проверките  на „Норман Атлантик“ биле утврдени технички недостатоци и проблеми.

https://www.youtube.com/watch?v=IkhPoxv3W0M

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...