четврток, 11 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: писмо | 115 резултати

Амбасада на Холандија: Кундерс ја повтори загриженоста за состојбата во земјата

мај 5, 2016

Министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, испрати писмо до четворицата лидери, потписници на Договорот од Пржино, во кое ја повторува загриженоста на ЕУ и на Холандија, како актуелен претседавач со Унијата, во однос на политичката ситуација во земјата, соопштија попладнево од амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија. Во писмото, како што велат […]

Орав им пренел порака на лидерите во име на Хан

мај 2, 2016

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, не се обратил директно со писмо до четворицата лидери во Македонија за да побара обновување на преговорите, објави телевизија „Телма“. Во негово име, пораките им ги пренел евроамбасадорот Аиво Орав, потврдуваат за телевизијата дипломатски извори. Изминатиот викенд, медиумите пренесоа дека Хан побарал дијалог, прочистен избирачки список, […]

Јоханес Хан со писмо до четворицата лидери: Седнете и договорете се

април 30, 2016

Eврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, испратил писмо до лидерите на четирите партии, потписнички на Договорот од Пржино, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, дознава „Алсат-М“. Според дипломатски извори, меѓународниот фактор инсистира на нова средба откако потфрли состанокот во Виена. „Страните повторно да почнат дијалог и неопходно е да најдат […]

Затворениците бараат Иванов и нив да ги помилува

април 19, 2016

Речиси 2.000 затвореници од машкиот и од женскиот оддел на КПД „Идризово“, но и од штипскиот затвор, со заедничко писмо и со барање преку адвокатите Звонко Давидовиќ и Душко Јанковиќ побараа од шефот на државата, Ѓорге Иванов, да бидат помилувани, објави „Плусинфо“. Иако писмото денеска и официјално ќе биде доставено до кабинетот на Иванов, се очекува […]

Заев со второ писмо го известува Иванов дека не прифаќа аболиција

април 16, 2016

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, му испрати второ писмо на претседателот Ѓорге Иванов, во кое му соопштува дека ниту бара, ниту прифаќа аболиција. Ова писмо на Заев следува откако претседателот Ѓорге Иванов во обраќање пред јавноста соопшти дека не ја повлекува одлуката за аболиција со која се опфатени 56 политичари и блиски соработници. – Не сме […]

ВМРО-ДПМНЕ бара од Иванов да ја преиспита одлуката за аболиција

април 15, 2016

Во писмото што владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ му го испрати на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, се бара тој да ја преиспита одлуката за прекинување на постапките против политичари од власта и од опозицијата и нивни соработници од 13 април и да ја разгледа можноста за нејзино повлекување. „Горенаведената одлука директно задира во реформскиот процес почнат со […]

СДСМ: Груевски нека го повика Иванов да ги поништи сите одлуки за помилување

април 15, 2016

Откако Македонија се крена на нозе во одбрана на уставниот поредок, државноста и на законите, ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да избега од одговорноста за антидржавната одлука на Ѓорге Иванов, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое владејачката партија предлага сите партии да испратат писмо до Иванов со барање да ја преиспита одлуката за […]

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе предложиме Иванов да ја преиспита одлуката за помилување

април 15, 2016

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе предложи четирите најголеми политички партии до претседателот Ѓорге Иванов да испратат писмо во кое ќе побараат тој да ја преиспита одлуката за помилување. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека одлуката на Иванов не е во согласност со заложбите на нивната партија. „Нашиот став е јасен, секој што направил криминал треба да одговара. Од […]

Нема минимални услови за веродостојни избори, порачаа граѓанските организации

април 14, 2016

Група граѓански организации денеска на амбасадорот на САД, Џес Бејли, и на евроамбасадорот Аиво Орав му го предадоа третото писмо во кое посочуваат дека не се исполнети ни минимални услови за веродостојни избори. Тие во 18 часот ќе одржат протест пред Собранието со барање за одложување на изборите, кои треба да се одржат на 5 јуни. […]

Црвенковски: Иванов итно да го избрише моето име и презиме од срамната одлука

април 13, 2016

Поранешниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, му испрати писмо на претседателот Ѓорге Иванов. Во писмото, Црвенковски бара Иванов итно да ја повлече одлуката за аболирање на која се наоѓа и името на поранешниот претседател. Во писмото Црвенковски вели дека ако работите зависеле од него, со тие како претседателот Иванов ниту нешто ќе се преговарало ниту, […]

Димитриев му одговори на Спасовски: Што не Ви е јасно, одлуката на Владата е законска

април 11, 2016

„Реагирате пет дена откако Владата ги донесе цитираните одлуки. Пет дена потоа. Реакција пет дена потоа докажува и колку сте посветен или непосветен на работата и станува јасно дека единствена цел на Вашата реакција е обид за правење реклама, но и ми покажува дека и Вие сте свесни дека Владата има донесено кристално чиста законска […]

Заканувачки писма за синот и за сестрата на Доналд Трамп

март 21, 2016

Сестрата на Доналд Трамп, која е судијка во апелацискиот суд во Филаделфија, Маријан Трамп, добила заканувачко писмо слично на писмото што го добил и еден од синовите на републиканскиот кандидат за номинација за претседателските избори во САД. Полицијата во Филаделфија соопшти дека ФБИ и тајната служба го истражуваат овој случај, но не соопшти повеќе детали. Ерик Трамп, […]

ЕФЈ: Сериозно сме загрижени за состојбата со медиумите во Македонија

февруари 29, 2016

Европската федерација на новинари (ЕФЈ) упати писмо до еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во кое изразува сериозна загриженост за состојбата со слободата на медиумите во Македонија. „Еден од итните приоритети од Договорот од Пржино е реформата на медиумите и слободата на изразување во Македонија за да има слободни и веродостојни избори, како апсолутен […]

Ахмети до Орав: Остануваме целосно посветени на спроведување на препораките на Прибе

февруари 26, 2016

Демократската унија за интеграција останува целосно посветена на спроведувањето на препораките на Прибе, списокот за итни реформи, како и на сите обврски што произлегуваат од договорот во Скопје и од пристапниот дијалог на високо ниво со Европската Унија – стои во писмото на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, до амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав. […]

Вицепремиерот Бесими и амбасадорката Оер потпишаа писмо за соработка

февруари 26, 2016

Заменик претседателот на Владата, Фатмир Бесими, и амбасадорката на Франција во земјава, Лоренс Оер, потпишаа писмо за зајакнување на техничката соработка помеѓу двете земји. „Оваа соработка ги опфаќа присуството на францускиот експерт за европски прашања, Бертранд Милет, во Секретаријатот за европски прашања и билатералната поддршка во понатамошното усогласување на националното законодавство со законодавството на Унијата, […]

Емоционален апел на алпинистката Илина Арсова за спас на Лагадин

февруари 4, 2016

Познатата алпинистка, охриѓанката Илина Арсова, која во мај 2013 година го искачи врвот Монт Еверест на висина од 8.848 метри, во писмо до јавноста вели дека на Лагадин не му треба медитеранска плажа затоа што теренот не располага со плажно крајбрежје. „На потегот кај Лагадин, езерото е во тесна врска со планината и со националниот […]

Бејли и Орав му доставија критериуми за фер избори на Димитриев

јануари 29, 2016

Амбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија, Џес Бејли и Аиво Орав, на техничкиот премиер Емил Димитриев му доставија писмо со критериуми што треба да се исполнат за изборите да бидат фер и демократски. Прв критериум е до 19 февруари Државната изборна комисија да биде обезбедена со персонал и со потребните финансии. Што се однесува до […]

Опозицијата сè погласно зборува за бојкот, радикализација и за протести

јануари 28, 2016

Дали во наредниот период нè очекува радикализирање на отпорот и нов 17 мај ако владејачката коалиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, остане на ставот предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април? Ако се суди според изјавите на некои политичари, како Лилјана Поповска и Стево Пендаровски, но и по најавата на  75. невладини и граѓански организации – да! Претставниците на граѓанскиот […]

Или одложување на изборите или бојкот и протести, порачаа 75 граѓански организации

јануари 28, 2016

Без исполнувањето на условите за слободни, фер и демократски избори, што подразбира нужно поместување на датумот, граѓанските активисти ќе немаат друга опција освен да повикаат на бојкот на изборите закажани за 24 април и на масовни протести против режимот, кој продолжува да ги гази демократијата, човековите права и владеењето на правото во Република Македонија. Ова стои во […]

Груевски денеска ќе ја депонира оставката во Собранието

јануари 14, 2016

Премиерот Никола Груевски, во синоќешното обраќање до јавноста, соопшти дека денеска наутро до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе ја депонира оставката на функцијата премиер. – Утре до претседателот на Собранието ќе го испратам писмото со оставката на функцијата претседател на Владата, која ќе биде активирана на 100 дена пред изборите. Оваа оставка ја претставува […]

Страна 4 од 6