понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: писмо | 115 резултати

Река му врачил на Заев писмо со честитка од Рама

јуни 16, 2017

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Фатос Река, со кого разговарал за евроатлантската иднина на регионот и за добрососедските односи. – Министрите во новата влада на Македонија работат заеднички и мотивирано на евроатлантските интеграции на Република Македонија и на обезбедувањето квалитетен живот за сите граѓани. Како влада, насочени […]

Иванов повторно го повика Заев да даде гаранции за унитарноста на државата

мај 10, 2017

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со коалициските партнери, да обезбеди гаранции за зајакнување на унитарноста на државата, а во однос на давањето на мандатот за составување нова влада „ќе постапи во согласност со Уставот и со досега воспоставената практика“. „Писмото од Собранието на Република Македонија е […]

Иванов го добил писмото од Џафери, ќе постапел согласно Уставот

мај 4, 2017

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, го добил писмото од собраниските служби во кое новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, го информира шефот на државата дека е конституирано парламентарно мнозинство, потврдиле од кабинетот на Иванов за македонската редакција на „Радио Слободна Европа“. „Кабинетот на претседателот потврдува дека е пристигнато писмо од Собранието на Република Македонија. Претседателот […]

Џафери му испрати писмо на Иванов, очекува тој да постапи според Уставот

мај 4, 2017

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска со писмо го извести претседателот на државата, Ѓорге Иванов, дека е формирано парламентарно мнозинство и дека е избран претседател на Собранието на Република Македонија, информираат од кабинетот на Џафери. „Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, очекува дека претседателот на државата, Ѓорге Иванов, ќе постапи […]

Заев за БГНЕС: Противникот не е подготвен да ја предаде власта, треба многу трпение

мај 2, 2017

„Очекувам демократските процеси во државата да се одвиваат во согласност со Уставот, деловникот и со законите. Тоа значи новоизбраниот претседател на Собранието да ги добие печатите, неговиот избор да биде објавен во „Службен весник“ и потоа тој да испрати писмо до претседателот Ѓорге Иванов за да го даде мандатот за формирање нова влада“, изјавил лидерот […]

Тачи до Столтенберг: Неопходна е трансформацијата на војската на Косово

март 14, 2017

Преседателот на Косово, Хашим Тачи, му испрати писмо на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, објаснувајќи му ги причините за неговите напори за трансформација на војската во земјата. Тој на Столтенберг му напиша дека чекорите што следуваат се промена на уставот и трансформирање на целите на мисијата на Безбедносните сили на Косово, што може законски […]

Иванов бара од Европскиот совет да се ангажира и да ја осуди платформата

март 7, 2017

Тиранската платформа е документ кој е ултимативен и уценувачки го суспендира и Договорот од Пржино во кој Европската Унија го вложи сиот свој надворешно-политички кредибилитет, се вели во писмото испратено од претседателот Ѓорге Иванов, до членовите на Европскиот совет, до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, до претседателот […]

Амбасада на САД: Добредојдени се сите прашања од Конгресот

февруари 14, 2017

Добредојдени се сите прашања од Конгресот, се вели во одговорот на амбасадата на САД во Македонија на писмото на американскиот сенатор Мајк Ли упатено до американскиот амбасадор во Скопје, Џес Бејли. „Добредојдени се прашањата од Конгресот и можноста да обезбедиме информации за нашите активности и контекстот во кој работиме за да ги постигнеме целите на надворешната […]

Македонски интелектуалци испратија писмо со поддршка до амбасадите на ЕУ и на САД

февруари 3, 2017

Група универзитетски професори, интелектуалци, аналитичари и поранешни високи владини функцинери и дипломати од Македонија, испратија писмо со поддршка до амбасадите на Соединетите Американски Држави и на земјите членки на Европската Унија. Преку писмото, како што е наведено, тие се обраќаат до Конгресот на САД и до Европската комисија, за да ја потврдат „решеноста за одлучна одбрана […]

Синдикатот на „Југохром“ со писмо ќе бара да се вклучат печките на комбинатот

декември 23, 2016

Претставници на синдикатот на комбинатот „Југохром“ денеска ќе предадат писмена ургенција до Второстепената комисија при Владата на Република Македонија како охрабрување и поттик комисијата да одговори позитивно на жалбата против неоправданото исклучување од работа на фабриката. Планирано е писмото да се предаде денеска во 12 часот во просториите на Второстепената комисија во Скопје. „Доколку Второстепената комисија […]

Караџовски по средбите со Панчевски и со судиите: Проблемите во судот не се големи

ноември 28, 2016

Деветмина од вкупно 13 судии што му поднесоа претставка на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, денеска одговорија на поканата и се појавија во Судскиот совет, каде имаа средба со членовите и со претседателот на Советот, Зоран Караџовски. Како што соопшти Караџовски по состанокот, средбата поминала во конструктивен дијалог, на кој било разговарано […]

Арсовска-Томовска до ОБСЕ/ОДИХР: Опозицијата користи државни ресурси за партиски цели

ноември 26, 2016

Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, упати отворено писмо до Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во кое ја критикува опозицијата дека ги користи институционалните ресурси за партиски активности. „Преку дел од медиумите се врши политичко етикетирање на вработените, истите се нарекувани со погрдни зборови („крлежи“, „штетници“, „корумпирана стока“), а институциите „штали“. Ова говори за фактот […]

Синдикатот на „Југохром“ со едночасовна блокада побара да проработи комбинатот

ноември 24, 2016

Вработените во комбинатот „Југохром“ денеска точно напладне излегоа на протест во Скопје и еден час ја блокираа крстосницата пред Судска палата. Тие бараат да се вратат на своите работните места. Синдикатот на „Југохром“ бара да се тргне забраната за работа на фабриката затоа што, како што велат, возможно е поставувањето филтри во текот на работниот […]

Суд ли е ова или панаѓур, дуќанче, чешмичка?

ноември 16, 2016

Најважниот суд во земјава – Основниот суд Скопје 1, во кој, меѓу другите, се водат и најзначајните постапки за организиран криминал, изминативе десетина дена се претвори во „панаѓур“. Кривичниот суд деновиве е местото каде вработени делат правда со туркања и со тупаници, судии се пресметуваат со кривични пријави и со контрапријави, се поднесуваат претставки до […]

13 судии со писмо го обвинија Панчевски за злоупотреба на интернет-страницата

ноември 15, 2016

Тринаесет судии од Основниот суд Скопје 1 испратиле писмо до Судскиот совет, во кое реагираат и го обвинуваат претседателот на судот, Владимир Панчевски, дека ја злоупотребува официјалната интернет-страница на судот со објавување „лични постапувања и ставови за одреден судија“. Судиите реагираат на соопштението на Кривичниот суд од петокот минатата недела, во кое Панчевски информираше дека […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника, но СДСМ не отстапува од избори на 11 декември

септември 24, 2016

Информациите за промена на расположението кај граѓаните кои од ден на ден сè повеќе се противат на погубните политики на обвинетиот Никола Груевски, допираат и до ВМРО-ДПМНЕ, одговараат од опозицискиот СДСМ на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за писмото што Зоран Заев го испрати до амбасадорите. „Токму затоа паниката кај ВМРО-ДПМНЕ и кај Груевски од соочување со граѓаните […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев знае дека ќе изгуби и затоа се жали до амбасадите

септември 24, 2016

СДСМ очигледно тоне и гледа дека нивната деструктивна политика не поминува кај народот, стои во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во врска со писмото што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го испрати со амбасадорите. „Аболираниот криминалец Заев сфаќа дека го очекува најголемиот пораз на изборите во декември и затоа е исплашен. Затоа почнува да бара алиби повторно да […]

Владата го одложи издавањето на еврообврзницата

јули 14, 2016

Македонија го одложи издавањето на седумгодишната еврообврзница откако член на опозицискиот СДСМ денеска преку писмо до банките гаранти ја оспорил легалноста на постапката, јавува „Ројтерс“. Во писмото, било наведено дека земјава нема соодветен правен механизам за издавање на еврообврзницата и доколку се издаде, можно е да прекрши одредени закони и правила во Македонија. СДСМ и во […]

Граѓанските организации побараа да бидат вклучени во преговорите

јули 7, 2016

Неопходно е директно учество на граѓанското општество во преговорите за излез од кризата и за демократизација на Македонија, порачаа денеска 88 граѓански организации преку писмо упатено до Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Амбасадата на САД и до четирите партии потписнички на Договорот од Пржино. – Нашите организации, групи, коалиции и движења стојат на располагање […]

ДИК бара одложување на изборите поради несразмерност на бројот на гласови во изборните единици

мај 13, 2016

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) ќе побараат од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, измени во Изборниот законик. Измените се бараат поради тоа што имало несогласувања во бројот на гласачите во три изборни единици – тројката, четворката и шестката. ДИК заклучиле дека има отстапувања од најмалку пет проценти во бројот на гласачите во овие изборни […]

Страна 3 од 6