fbpx

Затворениците бараат Иванов и нив да ги помилува

-

Речиси 2.000 затвореници од машкиот и од женскиот оддел на КПД „Идризово“, но и од штипскиот затвор, со заедничко писмо и со барање преку адвокатите Звонко Давидовиќ и Душко Јанковиќ побараа од шефот на државата, Ѓорге Иванов, да бидат помилувани, објави „Плусинфо“.

Иако писмото денеска и официјално ќе биде доставено до кабинетот на Иванов, се очекува во заедничкото барање да им се придружат и осудениците од битолскиот, велешкиот и од струмичкиот затвор. Во Македонија официјално има 3.152 осудени лица. Осудениците наведуваат дека доколку во брз и разумен рок не пристигне повратен и потврден одговор од Иванов, тогаш тие ќе почнат штрајк со глад. Исто така, на закажаните избори за 5 јуни тие, но и нивните семејства (вкупно 15.000 гласачи), нема да гласаат.

– За да има јавноста претстава што бараат затворениците, мораме да ви кажеме дека максималниот капацитет на македонските затвори е за 2.026 лица, а сега има 2.152 осудени лица. Најголем број се за криумчарење мигранти. Во „Идризово“ максималниот капацитет е 880 лица, а моментно таму има 2.000. Во женскиот оддел од „Идризово“ се потпишале сите 105 осуденички. Затворениците бараат од Иванов, по неговата политичка одлука за помилување на 56 политичари, правната држава да функционира за сите. Бараат да не се обесправени и заборавени бидејќи помилувањата што беа дадени од претседателот за политички функционери, за обичните граѓани не важат и никогаш не се применуваат – истакна адвокатот Давидовиќ, читајќи го официјалното барање на осудениците.

Адвокатот рече дека затворениците не бараат целосна амнестија, туку намалување на казните од 30 до 50 отсто, за што му оставаат на Иванов сам да одлучи, а осудениците на доживотен затвор бараат да им се намали казната на 15 до 20 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...