Проектот „Денови на детски филм“ ќе се одржува низ сите градови

Продукциската и дистрибутерска куќа „Узенгија“ организира проект „Денови на детски филм“, кој ќе се одржува во повеќе од 10 киносали во земјава, до средината на мај.

Целта на проектот е да се доближи анимираниот филм до децата.

– Водени од концептот „помалку е повеќе“, убедени сме дека нашиот скромен избор ќе ги збогати животите на жителите на целата република. Најмладите гледачи во Гостивар, Делчево, Куманово, Неготино, Прилеп, Струга, Тетово, Велес, Охрид, Штип, Гевгелија, Битола и во Кавадарци ќе уживаат во четири анимирани филмови синхронизирани на македонски и на албански јазик – велат од „Узенгија“.

Филмовите се избрани за младите гледачи од 4 до 10 години.