fbpx

„Шарената револуција“ потсети уште колку денови има за да им се исполнат барањата

-

Активистите на „Шарената револуција“ направија герила-акција преку која потсетија уште колку денови остануваат за исполнување на нивните барања.

На крстосницата кај Специјалното јавно обвинителство, од каде што традиционално ги почнуваа нивните протести, активистите го нацртаа бројот 9, потсетувајќи дека уште толку денови има до 18 јуни.

Тоа е датумот до кој тие бараат да им се исполнат барањата, а по кој, како што најавија, ќе ја земат демократијата во свои раце.

Нивните барања се да се формира преодна влада што ќе ги организира изборите и ќе ги спроведе реформите од извештајот на Прибе, формирање на специјално одделение во судот кое ќе ги процесуира случаите на СЈО, оставка на владата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ и оставка на Ѓорге Иванов од функцијата претседател.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...