fbpx

Домот „11 Октомври“ со прва награда на детски филмски фестивал во Италија

-

Домот за деца без родители „11 Октомври“ е добитник на првата награда за најдобар филм во Бари, Италија, на регионалниот фестивал за филм и детски цртажи „Бене мале“ (Bene – Male).

– Премногу сме горди и среќни за успехот на филмот на нашите дечиња од домот. Фестивалот традиционално се одржува секоја година во Италија и е посветен на децата,  нивниот развој, на детството. На фестивалот се претставивме со филмот „Два света“, кој ни донесе голем успех и признание – вели Ристенка Атанасова, директор на домот „11 Октомври“.

Победничкиот краток филм децата од домот го снимија заедно со своите воспитувачки на зададена тема од организаторите „Здрава љубов – болна љубов“, кој го носи името „Два света“, а ја разработува темата за животот на едно девојче во домот за деца без родители и животот на друго девојче во сопствен дом со своето семејство. Покрај учеството во филмскиот дел на фестивалот, беа претставени и цртежи од децата, а претставниците од домот учествуваа и во трибина на тема семејно насилство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...