Во Македонија претпладне времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд, особено во источните делови од земјава, а кон крајот на денот и во јужните делови од земјава, каде се очекува да бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Во Скопје се очекува слично време со утринска температура до 11 Целзиусови степени и дневна до 21 степен.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и свежо време, со слаб до умерен ветер од североисточен правец.