fbpx
Таг: Идризово

таг: Идризово

Поранешната министерка за внатрешни работи Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е спроведена во затворот во Идризово, каде што треба да ја одлежи четиригодишната казна затвор за случајот „Тенк“, кој се однесува на набавка на „мерцедесот“. „Лицето Г.Ј е спроведено во затворот Идризово,“ потврдија кратко од МВР. Во случајот „Тенк“, кој беше отворен од згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО), предмет на обвинение беше незаконски тендер...

Основен суд Штип: Игор Спасов доби отпуст врз основа на медицинска документација

Специјалецот Игор Спасов, осуден за убиство на Мартин Нешковски, кој се бара по меѓународна потерница, добил условен отпуст по претходно прибавено мислење од страна на ОЈО, како и врз основа на соодветна медицинска документација во оригинал издадена од стручни медицински лица. Дополнително, и врз основа на искази на вешти лица од областа на медицината и известување од установата каде...

Воскреснувајќи го т.н. „Крвав Божик“ од 1945 г. во Македонија, бугарските медиуми го воскреснуваат националистичкиот мит

Голем број бугарски медиуми во понеделникот, на денот на одбележувањето на Божик во Македонија излегоа со потсетување на, како што велат, „Крвавиот Божик“ од 7 јануари 1945 година, кога на територијата на сегашна Република Македонија, а тогашна Демократска Федерална Македонија, биле убиени „1.200 Бугари“. За илустрација ќе го земеме текстот објавен од faktor.bg, каде покрај ова тврдење се зборува за...

Затворениците од штипскиот затвор се откажаа од штрајкот

Штрајкот со глад што го почнаа затворениците во најголемиот затвор „Идризово“ со барање за амнестија, во затворот во Штип се одвиваше само вчера, за време на појадокот. Според информациите од раковoдството на Затвор „Штип“, само 19 затвореници од вкупно 234, колку што издржуваат затворска казна, одбиле да појадуваат. Подоцна, во текот на ручекот, им се придружиле на останатите затвореници. Денеска штипските...

Дескоска ги претстави новите објекти во затворот „Идризово“

Министерката за правда Рената Дескоска и директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ, денеска ги промовираа двата новоизградени објекти во затворот „Идризово“. Тоа се КПУ Идризово - отворено одделение за сместување на 294 осудени лица на површина од 3.800 м2, како и полуотворено одделение за сместување на 252 осудени лица на површина од 4.000 м2. Новите одделенија се...

Обвинетите во „Монструм“ излегуваат од затвор

Сами Љута вечерва излезе од затворот во населбата Шуто Оризари, како прв од четворицата осудени во случајот „Монструм“, за кој Врховниот суд денеска ја укина пресудата и го врати предметот повторно во скопскиот Кривичен суд, јави „Порталб“. При излегувањето бил поздравен со аплаузи од најблиските. По него од затворот во Шуто Оризари и од „Идризово“ треба да излезат и Агим Исмаиловиќ,...

Александар Диневски вратен во „Идризово“

Поранешниот разузнавач Александар Диневски е вратен во затворот „Идризово“ на издржување на затворската казна од четири и пол година за случајот „Шпион“. На неговиот профил на „Фејсбук“ многумина му изразуваат поддршка и алармираат дека нарушеното здравје ќе му се влоши во затворската ќелија. Диневски неколку месеци беше на слобода, додека се чекаше одлуката на скопскиот Апелациски суд за овој случај, кој...

Омбудсман: Дел од затворениците не гласаа поради истекот на важноста на личните карти

Од канцеларијата на народниот правобранител реагираат дека, како и за гласањето во првиот круг на локалните избори, така и денеска, дел од затворениците не гласале поради истекот на важноста на нивните лични карти. Советникот на Народниот правобранител, Зоран Билбиловски, рече дека управата на затворот „Идризово“ не води сметка за тоа кога треба да им ги обнови личните карти. „Кога ќе дојдат...

Избеган затвореник избодел човек, ограбувал со пиштол и запалил две возила

Затвореник кој избегал од „Идризово“ во март, бил уапсен завчера во парк во Капиштец, откако во изминатиот период избодел човек со нож, со закана со пиштол ограбил жена и со соучесници запалил две возила, соопшти МВР. Полицијата го уапсила откако добила дојава каде се движи. Д.Т.(29) од Скопје, на 13 мај, околу 3.30 часот, пред аптека во непосредна близина на...

Час поскоро видете ги ќелиите во „Шутка“, му порача новинарот Кежаровски на Заев

Новинарот Томислав Кежаровски, откако половина од затворската казна ја помина во Истражниот затвор „Скопје“, во Шуто Оризари, денеска му порача на премиерот Зоран Заев да ги види ќелиите во притворот во Шутка. Поводот за овој фејбук-статус на Кежаровски беше посетата на премиерот на затворот „Идризово“, при што тој беше „засрамен од условите“. „Ги поздравувам Вашите настојувања да се подобрат условите во затворот...

Полицијата трага по две лица што „фрлале предмети“ кон затворот „Идризово“

Секторот на внатрешни работи Скопје трага по две лица кои вчеравечер, маскирани фрлале предмети кон женскиот оддел во затворот „Идризово“, соопшти МВР. Полицијата била повикана откако претходно интервенирале затворски чувари, кои истрелале два предупредувачки куршуми во воздух, по што маскираните лица побегнале. Како што соопшти МВР, вчера околу 22.30 часот затворска службеничка го известила главниот командир на затворот дека пред...

Велија Рамковски пуштен од затвор заради лекување

Велија Рамковски, бизнисмен и сопственик на некогашната телевизија „А1“ и весниците „Шпиц“, „Време“ и Коха е Ре“, како и на неколку други фирми и бизниси, денеска излезе од затворот „Идризово“, објави на Фејсбук неговата ќерка Лејла. Рамковски сепак, по неколку месеци ќе мора да се врати во затворот за да ја доодлежи затворската казна од 13 години. Пуштен е на...

Починал млад затвореник во „Идризово“

Цимерите вчеравечер го пронашле 21-годишниот затвореник А.Р. онесвестен во ќелијата, по што бил пренесен со брза помош на Токсиколошка клиника во Клинички центар, каде лекарите констатирале смрт, соопшти СВР Скопје. За случајот полицијата била известена од затворските чувари. Телото на починатиот млад затвореник по наредба на јавен обвинител е предадено за обдукција.

Вработен во „Идризово“ одгледувал марихуана во својот дом и неовластено чувал оружје

СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје со кривична пријава го предаде Г.С.(40), вработен во КПУ „Идризово“, поради основи на сомневање дека неовластено набавил семки од канабис, ги насадил и одгледувал во својот дом. Тој исто така во домот неовластено држел оружје и експлозивни направи. Оттука, постојат основи на сомнение дека сторил две кривични дела...

Во Идризово промовирани 654 кандидати за полициски службеници

Во Центарот за обука во Идризово, денеска беа промовирани 654 кандидати за полициски службеници. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, истакна дека овие вработени треба да се раководат од фундаменталните принцип на професијата, легализмот и од владеењето на правото. - Принципи, без чие што целосно почитување не е можно да се служат и да се заштитуваат граѓаните, оние заради кои воопшто...

Во Идризово почина затвореник

Во Ургентниот центар утрово почина Д.Б. (67) од Дебар, осуденик во затворот КПУ „Идризово“, соопшти полицијата. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Затворениците бараат Иванов и нив да ги помилува

Речиси 2.000 затвореници од машкиот и од женскиот оддел на КПД „Идризово“, но и од штипскиот затвор, со заедничко писмо и со барање преку адвокатите Звонко Давидовиќ и Душко Јанковиќ побараа од шефот на државата, Ѓорге Иванов, да бидат помилувани, објави „Плусинфо“. Иако писмото денеска и официјално ќе биде доставено до кабинетот на Иванов, се очекува во заедничкото барање да им...

Директорот на „Идризово“ потврди дека Бошкоски може да биде предвремено ослободен

Поради водење друга кривична постапка именувана како „Ровер“, во која еден од обвинетите е Љубе Бошкоски и за која е закажано рочиште на 8 април 2016 година, се разгледува можноста за предвремено отпуштање на осуденото лице, вели во соопштението директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејовски, по денешниот протест пред оваа институција. Тој ги отфрла наводите за каквa билo политичка вмешаност...

Затвореници во Штип и во Идризово штрајкуваат со глад

Повеќе од половината затвореници од затворот во Штип одбиле да јадат. Заедно со затворениците од затворот во Идризово, во Скопје, од синоќа најавија штрјак со глад, како револт, како што велат, од „лошите затворски услови и немањето место за спиење“. Информацијата ја потврдија од Управата за извршување санкции, но, според нив, не се работи за штрајк, туку за одбивање храна....

Уапсена осуденичка што се барала со судска наредба

Екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје вчера уапсиле 65-годишна осуденичка, која со судска наредба се барала за издржување затворска казна, информира МВР. Станува збор за Елена Т. која треба да издржува казна затвор од две години за измама, а која веднаш била спроведена во скопскиот затвор „Идризово“.

Данела Арсовска назначи нови директори на јавните претпријатија од каде претходниците заминаа со оставки

Скопската градоначалничка Данела Арсовска назначи нови директори на јавните претпријатија од каде претходниците заминаа со оставки. Градот Скопје соопшти дека денеска се назначени нови в.д. директори на јавните претпријатија под...