ЕФЈ: Сериозно сме загрижени за состојбата со медиумите во Македонија

-

Европската федерација на новинари (ЕФЈ) упати писмо до еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во кое изразува сериозна загриженост за состојбата со слободата на медиумите во Македонија.

„Еден од итните приоритети од Договорот од Пржино е реформата на медиумите и слободата на изразување во Македонија за да има слободни и веродостојни избори, како апсолутен услов за демократски избори. Заедно со нашите локални членки, ние сме сериозно загрижени дека ЕУ не е целосно конзистентна во своите изјави за реформите на медиумите. Од оваа недела, ЕУ престана да инсистира дека е потребно да се случат реформи за медиумите пред изборите, кои се презакажани на 5 јуни. Ние сме убедени дека ако не го искористиме овој момент за спроведување на медиумските реформи, кога сите потписници се на преговарачка маса, ќе пропуштиме одлична можност да имаме сериозни промени, кои сите ние ги чекаме толку долго, а се од клучно значење за Македонија и за регионот. Тешко е да се има фер избори кога главните медиумите се под директно влијание на владата“, се вели во писмото.

Од Европската федерација на новинари го повикаа Хан да изврши притисок врз владата за реформите во медиумите да се случат пред изборите. Според нив, тоа е единствениот начин да се ослободат медиумите од политичкото влијание на владата како услов за професионално известување за претстојните избори.

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...