fbpx
Таг: Општина Центар

таг: Општина Центар

Жерновски очекува поддршка од СДСМ за нов мандат во Центар

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски преку „Фејсбук“ реагира написот во денешниот број „Дневник“ во кој се наведува тој ја нема поддршката од СДСМ и оти партијата најверојатно ќе се одлучи на локалните избори во Центар да оди со директорот на „Паркинзи во Општина Центар“, Саша Богдановиќ или со поранешната пратеничка Софија Куновска. „ВМРО-ДПМНЕ очигледно уште не може да го...

Илијовски: Боемска улица која чини 710.000 евра е оштетена и е со најмногу возила

Мрзеливиот Жерновски преуреди улица од 270 метри која чини неверојатни 710.000 евра. Секој еден метар од оваа втора Боемска улица чини 2.629 евра. Како што можете да видите, не се ова златни плочки, туку обичен бехатон, изјави на прес-конференција претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар и советник во Општина Центар, Илија Илијовски. Тој истакна дека „и за втората Боемска улица од...

Во Општина Центар фрлени 60 тони сол

Екипите на Општина Центар, заедно со зимската служба, поради обилните врнежи од снег во изминатите 24 часа фрлиле 60 тони сол. „Синоќа, од 21.30 до 2 часот по полноќ, беа фрлени 23 тони сол по улиците кои се во надлежност на Општината и снегот е расчистен на сите улици. Акцијата за чистење почна со улиците на Водно, како најризично подрачје,...

Општина Центар: Загрижувачка е опседнатоста на ВМРО-ДПМНЕ со Жерновски

„Опседнатоста на ВМРО-ДПМНЕ со градоначалникот Жерновски станува загрижувачка. Очигледно е дека сè уште не може да се помират со катастрофалниот резултат во Општина Центар, каде изгубија убедливо со најголема разлика споредено со сите општини во Македонија“, се вели во реакцијата на Општина Центар на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Веќе десет дена по ред, ВМРО-ДПМНЕ оддржува бесцелни прес-конференции повторувајќи ги истите работи....

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на Жерновски веќе не поминуваат кај граѓаните

„Андреј Жерновски е пример за лажна грижа за своите граѓани. Наместо да се грижи и да реализира проекти, тој на најнедомаќински начин ги троши парите на центарци и ги занемарува нивните реални проблеми“, рече денеска на прес-конференција Марија Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ - Додека граѓаните имаат сериозни проблеми како недостиг на места во градинките, неасфалтирани улици во 21 век, проблеми со...

БЕГ: Нормализирана испораката на топлинска енергија, но уште се работи на дефектот

Eкипите на „Балкан енерџи“ вечерва ја нормализирале испораката на топлинска енергија за потрошувачите во централното градско подрачје и во делови од општина Карпош, но сè уште работат на целосно санирање на дефектот, соопштија вечерва од компанијата. Оттаму велат дека потрошувачите од овие делови на Скопје постепено, во текот на вечерта, добиваат нормална испорака на топлинска енергија. „Имајќи предвид дека се работи...

Општина Центар: Боемска улица чини колку една опашка на спомениците лавови

Креаторите на најкриминалниот проект „Скопје 2014“ продолжуваат со негативната и приземна кампања кон Општина Центар, се вели во реакцијата на Општината на прес-конференцијата на Јордан Ристевски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар. „Боемската улица, која е изградена од врвни материјали и на која целосно се реконструирани инсталациите и водоводните мрежи, чини колку една опашка од лавовите на мостот Гоце Делчев. Таа...

Ристевски: Жерновски покажа дека не му се важни граѓаните и нивните потреби

Додека граѓаните на општина Центар не можат да излезат на крај со улиците неисчистени од снегот и од мразот, Жерновски е единствениот градоначалник што им пружи за уживање 270 метри Боемска улица, која чини неверојатни 710.000 евра, рече денеска на прес-конференција Јордан Ристевски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар. - Преспаниот мандат и неработењето на Жерновски кулминираше со уредувањето на втората Боемска...

Општина Центар не се откажува од прославата поради склучените договори со изведувачите

Општина Центар нема да ја откаже прославата за дочек на Нова година на Сквер Јадран, поради веќе склучените договори со артистите, информираше градоначалникот на општината, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција. Тој додаде дека покрај забавниот дел, настанот ќе има и хуманитарен карактер, со тоа што секој граѓанин и фирма ќе можат да донираат за граѓаните од најранливите категории. Жерновски истакна дека правниот...

Судот ги одби „бомбите“ како докази и заштитениот сведок против Груевски и Јанакиески

Судијката Татјана Михајлова, воедно и в.д претседател на Кривичниот суд, одби дел од прислушуваните разговори, односно „бомби“, и сведочењето на заштитениот сведок да бидат користени како докази со судскиот процес што СЈО го води против Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и уште 11 обвинети за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година. Михајлова, всушност, ги прифати приговорите на адвокатот...

„Македонски шуми“: Лице вработено во Општина Центар побара 120 садници

Во ЈП „Македонски шуми“ се јави лице вработено во Општина Центар кое побара 120 садници да бидат распределени на Општина Центар и тоа беше испочитувано од наша страна, велат од „Македонски шуми“ како реакција на обвинувањето од Општина Центар дека претпријатието има различен аршин кон единиците на локалната самоуправа. „По повод акцијата „Ден на дрвото“ согласно одлука на Влада на...

Општина Центар доби само 120, а Ѓорче Петров – 85.293 садници за „Денот на дрвото“

Државата преку „Македонски шуми“ има различен аршин кон единиците на локална самоуправа, па своеволно одлучува која општина колку садници ќе добие за зазеленување на просторот, се вели во соопштението на Општина Центар. Во него се посочува дека за денешниот „Ден на дрвото“, Општина Аеродром добила 22.770 садници, Општина Ѓорче Петров добила 85.293 садници, Општина Гази Баба добила 67.905 садници, а Општина...

Општина Центар ги повика Владата и Град Скопје на итна седница за загадувањето

Општина Центар ги повика Владата и Град Скопје да свикаат итна седница, за да се договорат и брзо да реализираат мерки против енормното загадување на воздухот. „Во моментов, меѓу другото и поради изборната кампања, очигледно не се презема ништо во однос на ова горливо прашање. Ваквиот однос е недозволив бидејќи здравјето на граѓаните е поважно од сè, а ситуацијата со...

Судот го одложи рочиштето за обвинението на СЈО против Груевски и Јанакиески

Судското рочиште по обвинението на СЈО за насилствата во Општина Центар е одложено од 21 ноември за 16 декември, 5 дена по изборите, по барање на Никола Додевски, адвокатот на еден од обвинетите, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Кривичниот суд информира дека адвокатот Додевски писмено побарал од Основниот суд Скопје 1 да се одложи рочиштето затоа што...

ФРОДЕМ: МПЦ да не биде соучесник во одбраната на обвинетите криминални партиски лица

Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ) ја повикува Македонската православна црква (МПЦ) да се каже дали во Општината Центар во 2013 година протестирале партиски насилници или верници. Од ФРОДЕМ велат дека во последното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека: ,,претставници на Македонската православна црква и здружението на граѓани „Веритас“ се спротивставиле на намерите да се стопира изградбата на црквата „Свети Константин...

За осум дена може да биде закажано судење за обвиненијата на СЈО, вели Јанева

Судот во наредните осум дена може да закаже рочиште за двете обвиненија што вчера ги поднесе Специјалното јавно обвинителство, изјави денеска специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. - Тие се во скратена постака, а рокот на закажување е осум дена. Судот може веднаш да го заврши тоа, во рок од осум дена да закаже рочиште, а ние сме подготвени за судење - изјави...

Обвиненија на СЈО против Груевски и Јанакиески за насилствата во Центар

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи денеска на прес-конференција ги презентираше првите две обвиненија на СЈО, едното за уништување документација поврзана со опремата од нелегалното прислушување, а второто за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година. Иако Фетаи не го соопшти идентитетот на обвинетите, а не беа наведени ниту иницијали, сепак извесно е дека во второто, првообвинети се поранешниот премиер и...

СЈО поднесе две обвиненија – за уништување документи и за насилствата во Центар

Обвинителката Фатиме Фетаи на денешната прес-конференција, на која специјалните јавни обвинителки го презентираа вториот извештај за работата на СЈО, рече дека денеска ќе бидат поднесени два обвинителни предлози. Едниот од нив, според зборовите на Фетаи, е за уништувањето документи поврзани со прислушувањето, а вториот за насилствата пред Општината Центар во јуни 2013 година. Образложувајќи ги случаите, Фетаи рече дека првото обвинение...

Жерновски дојде во СЈО да даде исказ за случајот „шамари“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска точно напладне се појави во Специјалното јавно обвинителство. Тој треба да даде исказ во врска со, како што информираа од општината, случајот со нарачаните шамари и демолирањето на општинските простории во 2013 година. Жерновски пред да влезе во зграда на СЈО не даде изјава за медиумите, но како што е најавено тоа ќе...

Жерновски во вторник повикан во СЈО за случајот „шамари“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во вторник, повторно е повикан во Специјалното јавно обвинителство, но овојпат за нов предмет поврзан со општина Центар. Како што соопштуваaт од општината, се работи за нарачаните шамари врз Жерновски и за демолирањето на општинските бараки. „Како што се слуша во една од „бомбите“ на опозицијата, тогашниот премиер Никола Груевски, во разговор со поранешниот министер...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...