fbpx

БЕГ: Нормализирана испораката на топлинска енергија, но уште се работи на дефектот

-

Eкипите на „Балкан енерџи“ вечерва ја нормализирале испораката на топлинска енергија за потрошувачите во централното градско подрачје и во делови од општина Карпош, но сè уште работат на целосно санирање на дефектот, соопштија вечерва од компанијата.

Оттаму велат дека потрошувачите од овие делови на Скопје постепено, во текот на вечерта, добиваат нормална испорака на топлинска енергија.

„Имајќи предвид дека се работи за поголем дефект на топлинската мрежа, екипите на „Балкан енерџи“ ќе останат на терен и во текот на ноќта и ќе работат на целосно отстранување на дефектот за да се обезбеди редовно и стабилно снабдување во системот на топлинска енергија“, стои во соопштението на „Балкан енерџи“ во кое се додава дека за дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во центарот за грижа на потрошувачи на телефонот (02) 3076 200.

Поради дефект (губење на вода) во дел од толинската мрежа, денеска попладне беше прекината испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во централното градско подрачје и во делови од општина Карпош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...