Жерновски дојде во СЈО да даде исказ за случајот „шамари“

-

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска точно напладне се појави во Специјалното јавно обвинителство. Тој треба да даде исказ во врска со, како што информираа од општината, случајот со нарачаните шамари и демолирањето на општинските простории во 2013 година.

Жерновски пред да влезе во зграда на СЈО не даде изјава за медиумите, но како што е најавено тоа ќе го стори по завршувањето на сведочењето пред обвинителите на СЈО.

Во еден од прислушуваните разговори што минатата година ги објави СДСМ, може да се слушне гласот на тогашниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски како му дава насоки на екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и бара од него лица да влезат на седница на советот на општината Центар и да му удрат неколку шамари на градоначалникот Жерновски.

Инаку градоначалникот на општина Центар, вторпат сведочи во СЈО. Претходно тој даваше исказ за случајот „Скопје 2014“ и деталниот урбанистички план за „Мал ринг“.

Вчера Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, изјави дека во периодот што следи „ќе има зголемена фреквенција на лица во СЈО“ кои ќе бидат повикувани околу истрагите што ги води ова обвинителство.

Станарите од опожарената зграда во Чаир не знаат кога ќе се вратат дома, бараат одговори од надлежните

Пожарот кој вчера ја зафати зградата на ул. „Прохор Пчински“ утрово беше изгаснат, но станарите сè уште немаат одговори во однос на тоа што го предизвикало пожарот, колкава е...