fbpx

Судот го одложи рочиштето за обвинението на СЈО против Груевски и Јанакиески

-

Судското рочиште по обвинението на СЈО за насилствата во Општина Центар е одложено од 21 ноември за 16 декември, 5 дена по изборите, по барање на Никола Додевски, адвокатот на еден од обвинетите, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Кривичниот суд информира дека адвокатот Додевски писмено побарал од Основниот суд Скопје 1 да се одложи рочиштето затоа што бил спречен да присуствува поради настан на кој бил поканет пред да ја добие поканата за закажаната главна расправа.

„Адвокатското друштво Никола Додевски со писмен поднесок го извести Основниот суд Скопје 1 – Скопје дека адвокатот Никола Додевски, бранител на М.Ј., е спречен да присуствува на закажаната главна расправа бидејќи истиот е организатор и ќе учествува на дводневна работилница за имплементација за Законот за одмерување казни, организирана од Адвокатската комора на Р.М., Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје и Бирото за меѓународна борба против наркотиците и спроведување на законите“, соопштуваат од судот.

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи на средината на септември на прес-конференција ги презентираше првите две обвиненија на СЈО, едното за уништување документација поврзана со опремата од нелегалното прислушување, а второто за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

За насилствата пред Општина Центар на обвинителна клупа треба да седнат актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Кривичниот суд на 28 ноември го закажа судењето за другото обвиниене на СЈО, за уништување на документација поврзана со опремата за нелегално прислушување. Меѓу обвинетите е и поранешниот директор на петтата управа, Горан Грујовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...