fbpx

ФРОДЕМ: МПЦ да не биде соучесник во одбраната на обвинетите криминални партиски лица

-

Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ) ја повикува Македонската православна црква (МПЦ) да се каже дали во Општината Центар во 2013 година протестирале партиски насилници или верници.

Од ФРОДЕМ велат дека во последното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека: ,,претставници на Македонската православна црква и здружението на граѓани „Веритас“ се спротивставиле на намерите да се стопира изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на град Скопје.

„Со ова соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, МПЦ и нејзини претставници се означени како соучесници и организатори на насилните протести. Жално и недозволиво е молчењето на МПЦ поради бесрамниот обид на злоупотреба на верските чувства на граѓаните за одбрана на обвинетите криминални и насилни партиски личности и функционери. Доколку МПЦ е црква на сите верници и доколку се залага за вистина, бараме таа јавно да одговори на две прашања: дали протестите во Општина Центар беа организирани на „верска основа“ или по партиска наредба и дали во Општина Центар демолираа „верници“ или партиски насилници? Со понатамошното затскривање и молчење МПЦ ќе се стави во улога на соучесник во срамната пародија на одбрана на обвинетите криминални и насилни партиски личности и функционери“, пишува во соопштението на ФРОДЕМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...