fbpx
Таг: онлајн дебата

таг: онлајн дебата

Промовирани резултатите од Проценката на добро владеење преку Индексот на отвореност

Во организација на Фондацијата Метаморфозис, денеска беа промовирани резултатите од Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2022 година, како и резултатите од Проценката на добро владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност според мерењето за 2021 година. Резултатите беа презентирани на онлајн настан, на кој се...

„Шорткат“ денеска со репортажа од Португалија, бевме во најстарата банка за храна

Екипата на „Шорткат“ летово беше во посета на Португалија, од каде што за најновата епизода што ќе се емитува денеска носиме репортажа за најстарата банка за храна во оваа земја, која што се бори против фрлањето на храна во отпад и за спречување на гладта меѓу луѓето. Во „Шорткат“ ќе може да се информирате и за онлајн дебатата „Младите и...

ДЕБАТА: Да има волонтерски часови и да се прифати ваквата активност на факултетите и во средните училишта

Волонтерите не се платени - не затоа што се безвредни, туку затоа што се бесценети. Оваа порака ја искажаа неколку соговорници на денешната онлајн дебата „Младите и волонтерството“, која што се одржа во организација на Фондацијата Метаморфозис. Развивање на поголема општествена свест за волонтерството, воведување на волонтерски часови за младите во образованието и признавање на волонтерската активност на средношколците...

Онлајн дебата „Младите и волонтерството“ на 19 август

Зошто волонтирањето е важно за младите луѓе и како истите да се мотивираат за да се ангажираат во волонтерството? Дали и колку младите се активни како волонтери во земјава? Кои области и прашања во моментов имаат приоритет и потреба од млади волонтери – климатските промени, родовата еднаквост или можеби одржувањето и промовирањето на мир? Дали и како волонтерството треба да се...

Онлајн дебата: Менталното здравје кај младите по Ковид пандемијата

Како пандемијата влијаеше врз менталното здравје кај младите со оглед на големите промени низ кои тие поминаа? Колку и на кој начин онлајн наставата и социјалната изолација изминативе две години се одразија врз менталната добросостојба кај учениците и студентите? Како најдобро младите да се справат со предизвиците по нивното ментално здравје после овие промени - што треба да преземат...

Дебата: Дигитализацијата во училиштата да се одвива чекор по чекор, сметаат средношколците

Постојано истражување и следење на навиките и потребите на средношколците, инклузивни и поефикасни дигитални решенија - се дел од заклучоците што беа изнесени на вториот од серијата настани на тема „Дигитална трансформација на образованието“, сега, со фокус на средното образование или „Дигитализацијата и средношколците“. Настанот во форма на онлајн дебата се одржа вчера во организација на Советот за дигитална...

Згоеноста кај најмладите е централна тема во најновата епизода на „Шорткат“

Проблемот со прекумерната телесна тежина кај најмладите е главната тема во новата епизода на „Шорткат“. Покрај за неа, во емисијата можете да ги погледнете најзначајните делови од онлајн-дебатата што ја одржа Фондацијата Метаморфозис во понеделникот на тема „Глобалното затоплување повикува на акција, како да се справат младите со иднината?“, како и резултатите од истражувањето за дискриминацијата со која што...

Онлајн дебата за младите и климата: Малите чекори водат до големи и важни промени

Зошто е важно да се намали влијанието на климатските промени од аспект на младите и како нашата држава се справува со климатските промени, но и што треба да преземат властите и граѓаните за да го ублажат влијанието од климатските промени, зборуваа учесниците на онлајн дебатата на тема „Глобалното затоплување повикува на акција, како да се справат младите со иднината?“...

Зилбеари: Дезинформациите ја подриваат демократијата преку создавање хаос каде никој ништо не верува

ЦИВИЛ - Центарот за слобода вчера ​​организираше виртуелна дебата за нередот во информациите, дезинформациите и пропагандата, на која учествуваа Елида Зилбеари од Порталб.мк, професорката Весна Поповска и Тони Ангеловски од МВР. На дебатата беше речено дека дезинформациите предизвикуваат хаос или неред во информациите, и дека се штетни за здрава демократија, известува Порталб.мк. Главната уредничка на информативниот портал на албански јазик...

Онлајн дебата: Глобалното затоплување повикува на акција, како да се справат младите со иднината?

Зошто климатските промени се важни за младите? Како Република Северна Македонија се справува со климатските промени во моментов? Каква акција треба да преземат властите и компаниите во иднина доколку сакаме да го намалиме влијанието од глобалното затоплување? Какви навики во секојдневниот живот треба сите ние да промениме за да ги ублажиме климатските промени? Ова се само дел од прашањата...

ДЕБАТА: Недостасуваат програми и информативни содржини значајни за младите

Денеска се одржа јавната онлајн дебата на тема: „Колку медиумите ги задоволуваат потребите за информирање на младите?“, на која се разговараше околу моменталната состојба во медиумите и нивната посветеност за креирање на програми и вести за млади, како и за тоа колкава е довербата на младите во медиумите. Денешната дебата ја отвори амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј која посочи...

(Во живо) Онлајн дебатата на тема: „Колку медиумите ги задоволуваат потребите за информирање на младите?“

Онлајн дебатата „Колку медиумите ги задоволуваат потребите за информирање на младите?“ ќе се одржи денеска со почеток од 13 часот. Настанот е отворен за сите заинтересирани и ќе може да се проследи преку „Зум“  на следниот линк, а главните прашања на кои ќе се дискутира на онлајн дебатата се: Дали младите им веруваат на медиумите, колку често младите се информираат...

Онлајн дебата „Колку медиумите ги задоволуваат потребите за информирање на младите?“

Дали младите им веруваат на медиумите, колку често се информираат од домашни медиуми и дали сметаат дека ангажирањето во општествено важни прашања е бесцелно потрошено време, се дел од прашањата кои ќе се обидат да ги одговорат учесниците на онлајн дебатата „Колку медиумите ги задоволуваат потребите за информирање на младите“ што ќе се одржи во понеделник (13 декември), со...

Се одложува онлајн дебатата „Колку медиумите ги задоволуваат потребите на младите“

Поради прогласената тридневна жалост од страна на Владата по трагичната автобуска несреќа во Бугарија, онлајн дебатата „Колку медиумите ги задоволуваат потребите на младите“ што требаше да се одржи во среда, се одложува. Јавната дебата е во организација на Фондацијата Метаморфозис, а во рамки на проектот „Кредибилни вести за оспособена младина“, финансиран од Британската амбасада во Скопје. За одложувањето на јавната дебата...

Онлајн дебата „Колку медиумите ги задоволуваат потребите за информирање на младите?“

Дали младите им веруваат на медиумите, колку често се информираат од домашни медиуми и дали сметаат дека ангажирањето во општествено важни прашања е бесцелно потрошено време, се дел од прашањата кои ќе се обидат да ги одговорат учесниците на онлајн дебатата „Колку медиумите ги задоволуваат потребите за информирање на младите“ што ќе се одржи во среда со почеток од...

Иван Џикиќ: Зимава ќе биде тешка за земјите со ниска стапка на имунизација, бројот на вакцинирани мора да расте

Македонските власти мора многу повеќе да се ангажираат за зголемување на процентот на вакцинирани лица против ковид-19 и да се воведат мерки кои ќе спречат натамошно ширење на корона вирусот, вели светски познатиот хрватско-германски научник Иван Џикиќ, професор на Медицинскиот факултет на Гете Универзитетот во Франкфурт, Германија и на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Сплит, Хрватска. На денешната онлајн средба „Што вели...

„Јахја Кемал“ одржа онлајн дебата помеѓу наставници и ученици на тема „Социјалните медиуми се добри за општеството?“

Вчера во училиштето „Јахја Кемал“ се одржа онлајн дебата помеѓу наставници и ученици на тема „Социјалните медиуми се добри за општеството?“. Како што информираат од ова училиште, настанот бил во организација на активот по англиски јазик и тимот на наставници се состоел од наставници од основното и средното училиште, додека во тимот на ученици учествуваа Андреј Калин од 6-то одделение,...

Во четврток шесто издание на глобалниот настан „Ноќ на идеите“ на тема пандемијата со ковид-19

В четврток, 28 јануари, со почеток во 17 часот на платформата Зум ќе се одржи шестото издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ на која преку онлајн дебата на тема „Дигитална ера: Толку далеку, а толку блиску - Новите навики по пандемијата“, ќе учествува и Францускиот институт во Скопје во соработка со Акцелераторот на УКИМ. „Во фокус на изданието во...

Орбан во ненадејна посета на Кина, глобалната безбедност во фокусот

По посетата на Москва, унгарскиот претседател Виктор Орбан е во Кина во посета на неговиот колега Си Џинпинг. Покрај бројните бурни реакции за неговата посета на Русија, тој на...