Онлајн дебата: Глобалното затоплување повикува на акција, како да се справат младите со иднината?

Зошто климатските промени се важни за младите? Како Република Северна Македонија се справува со климатските промени во моментов? Каква акција треба да преземат властите и компаниите во иднина доколку сакаме да го намалиме влијанието од глобалното затоплување? Какви навики во секојдневниот живот треба сите ние да промениме за да ги ублажиме климатските промени? Ова се само дел од прашањата што ќе ги одговорат учесниците на јавната дебата што ќе се одржи на 28 февруари (понеделник) со почеток од 13 часот.

Јавната дебата е во организација на Фондацијата Метаморфозис, а во рамки на проектот „Кредибилни вести за оспособена младина“, финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Настанот ќе го отвори министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, а во истата ќе учествуваат претставници од „Гоу-Грин“ и Центарот за климатски промени, како и двајцата младински делегати што ја претставуваа Северна Македонија на настанот „Младите за климата- предводници на амбицијата“ што претходеше на 26-тата Конференција за климатски промени (КОП26) во Глазгов минатата година.

Онлајн дебатата може да се проследи преку „Зум“, а повеќе информации може да се најдат овде.