„Јахја Кемал“ одржа онлајн дебата помеѓу наставници и ученици на тема „Социјалните медиуми се добри за општеството?“

Вчера во училиштето „Јахја Кемал“ се одржа онлајн дебата помеѓу наставници и ученици на тема „Социјалните медиуми се добри за општеството?“.

Како што информираат од ова училиште, настанот бил во организација на активот по англиски јазик и тимот на наставници се состоел од наставници од основното и средното училиште, додека во тимот на ученици учествуваа Андреј Калин од 6-то одделение, Алејна Фаризи од 7-мо одделение, Давид Милошоски од 8-мо одделение и Теодора Ристеска Даскаловски од 9-то одделение.

По завршувањето на дебатата, публиката имала можност да гласа и да го избере победникот.

Настанот е дел од подготовките за престојниот меѓународен натпревар „Светскиот ученички куп“, чиј домаќин по трет пат ќе биде училиштето „Јахја Кемал“.