Се одложува онлајн дебатата „Колку медиумите ги задоволуваат потребите на младите“

Поради прогласената тридневна жалост од страна на Владата по трагичната автобуска несреќа во Бугарија, онлајн дебатата „Колку медиумите ги задоволуваат потребите на младите“ што требаше да се одржи во среда, се одложува.

Јавната дебата е во организација на Фондацијата Метаморфозис, а во рамки на проектот „Кредибилни вести за оспособена младина“, финансиран од Британската амбасада во Скопје.

За одложувањето на јавната дебата се известени сите учесници и панелисти. Новиот датум ќе биде соопштен деновиве.