Онлајн дебата: Менталното здравје кај младите по Ковид пандемијата

Како пандемијата влијаеше врз менталното здравје кај младите со оглед на големите промени низ кои тие поминаа? Колку и на кој начин онлајн наставата и социјалната изолација изминативе две години се одразија врз менталната добросостојба кај учениците и студентите? Како најдобро младите да се справат со предизвиците по нивното ментално здравје после овие промени – што треба да преземат и практикуваат тие? Што треба да преземе државата?

Ова се само дел од прашањата што ќе ги одговорат учесниците на јавната дебата што ќе се одржи на 27 мај, петок, со почеток во 13:00 часот.

Јавната дебата е во организација на Фондација Метаморфозис, а во рамки на проектот „Кредибилни вести за оспособена младина“, финансиран од Британската амбасада во Скопје.

На настанот ќе зборуваат д-р Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство, Анита Николовска, извршен директор на „Младите можат“, Драгана Батиќ, доктор по психолошки науки и редовен професор на Факултетот за безбедност при УКЛО и Николина Иваноска Котевска, професорка по психологија во гимназиите „Никола Карев“ и „Георги Димитров“ во Скопје.

Онлајн дебатата може да се проследи преку платформата „Зум“, а повеќе информации можат да се најдат на следниов линк.

Ова е трета јавна дебата посветена на младите во организација на Фондација Метаморфозис, откако претходно се одржа дебатата за информирањето на младите преку домашните медиуми, како и дебатата за климатските промени.