четврток, 23 април, 2026
Meta.mk

Ознака: младите можат | 22 резултати

Social Day: Младите работеа и за еден ден собраа фонд од 245.000 денари

ноември 13, 2023

По трет пат во земјава, Здружението на граѓани „Младите можат“, на 8 ноември одржа „Соушл деј“ („Social Day“), ден кога средношколците стекнуваат искуство за работа и се ангажираат во заедницата за да им овозможат на своите врсници подобра положба во државата. Дел од „Соушл деј“ годинава беа 195 средношколци во градовите Скопје, Битола, Охрид и […]

Истражување: Младите не се вклучени во решавање на општински проблеми

јуни 29, 2023

Голем дел од младите никогаш не биле вклучени во решавање на некаков проблем во општината, покажуваат резултатите од истражувањето „Потребите на младите на локално ниво“, спроведено од Здружението на граѓани „Младите можат“ во општините Струмица, Велес и Кочани. Според резултатите, 60,6% (Струмица), 48,2% (Велес) и 48,6% (Кочани) од младите рекле дека никогаш не биле вклучени […]

Успешно одржан хакатонот #РешиПроблем на „Младите можат“

февруари 10, 2023

Пет тимови составени од млади луѓе од целата држава имаа за задача да оформат решение со коешто ќе решат проблем од нивната заедница во рамки на хакатонот #РешиПроблем 2023 што го организира Здружението на граѓани „Младите можат“. Од сите решенија биле одбрани две, што добија поддршка од по 60.000 денари за имплементација на решенијата, но […]

Онлајн анкета и анализа на „Младите можат“ за несовесно однесување на наставници кон ученици

ноември 16, 2022

„Младите можат“ и ЛЕАД анкетирале 49 ученици на тема „#КажиСи – Утврдување на деградирачко, дискриминирачко и несовесно однесување на наставници кон ученици во образовниот процес“. Како што соопштуваат од „Младите можат“, анкетата ги сумира добиените одговори од учениците од спроведен прашалник во месец септември и ги претставува добиените одговори од Државниот просветен инспекторат на барањето […]

„Social Day“: Младите имаа можност да работат на различни позиции на еден ден

ноември 10, 2022

Вчера по вторпат во земјава се реализираше настанот „Social Day“, ден кога младите луѓе заменуваат еден ден на училиште за работа која тие ја бираат, односно донираат дел од своето време и својата дневница за младински проекти. Организатор на настанот е Здружението на граѓани „Младите можат“. На годинешниот „Social Day“ 90 средношколци беа дел од […]

Сè повеќе млади активно волонтираат, расте нивната вклученост во општествените процеси

август 5, 2022

До крајот на 2021 година, на територијата на Република Северна Македонија активно дејствувале 33 клубови за млади од Црвениот Крст на РСМ, чиј вкупен број е 1.910 млади волонтери. Црвениот крст на Република Северна Македонија како една од стратешките организации за активно ширење на мисијата за волонтирање на младите, ги организира Клубовите за млади, во […]

Анализи на „Младите можат“: Менталното здравје е табу-тема, кариерното советување на младите подзаборавено

јуни 22, 2022

Институцијата училиштен психолог сè уште се однесува само како коректив каде се испраќаат ученици кои имаат намалено поведение, слаби оцени или учествуваат во физичка расправија. Ова е една од причините зошто 60 отсто од средношколците на темата ментално здравје се информираат преку социјалните мрежи, додека само 9 отсто од нив тоа го прават преку училиштата, […]

Онлајн дебата: Менталното здравје кај младите по Ковид пандемијата

мај 17, 2022

Како пандемијата влијаеше врз менталното здравје кај младите со оглед на големите промени низ кои тие поминаа? Колку и на кој начин онлајн наставата и социјалната изолација изминативе две години се одразија врз менталната добросостојба кај учениците и студентите? Како најдобро младите да се справат со предизвиците по нивното ментално здравје после овие промени – […]

Промовиран документ со предлози за подобрување на менталното здравје кај младите

март 2, 2022

Денеска се одржа завршниот настан за презентирање на документот за јавна политика „Ментално здравје – сега е моментот“, информираат од тимот на Младите можат. На настанот се водеше дискусија помеѓу психолог м-р Тиана Ивановска, наставник д-р Фанче Јошевска и Ева Цветковска – претседателка на УСС на УКИМ на теми кои се опфатени во документот за […]

Студенти на УКИМ преку кратки едукативни видеа ќе им помагаат на учениците при совладување на наставната материја

март 1, 2022

Студентите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со иницијативата „Cognitionis“ што ја спроведуваат преку Универзитетско студентско собрание, во поддршка на Агенцијата за млади и спорт и асоцијацијата „Младите Можат“ ќе снимаат кратки и интерактивни видеа со цел да им помогнат на учениците од средно и основно училиште полесно и на поинтересен начин да […]

„Младите можат“: Повик за волонтирање, активизам и едукација за менталното здравје

јануари 26, 2022

Граѓанската организација за млади, „Младите можат“ отвори повик за членство преку аплицирање за јунироската едукативна програма за волонтерство и активизам како и за програмата за врсничка едукација за менталното здравје. Се работи за две различни програми, од кои првата, за волонтерство и активизам се расчленува на три различни обуки. Дел од јуниорската програма за волонтирање […]

Јавна расправа: Општините ветуваат формирање на локалните младински совети

декември 16, 2021

Новите градоначалници од скопските општини ветуваат формирање на локалните младински совети, коишто со новиот Закон за младинско учество и младински политики ќе треба да ги формираат на локално ниво. Здружението „Младите можат“ вчера ја организираа јавната расправа за имплементацијата на овој закон, на која што учествуваа градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, градоначалникот на Гази Баба […]

Младите на Social Day собраа фонд од 95.000 денари, следи реализација на три проекти

декември 10, 2021

Средношколците и студентите од прва година на факултетите на првиот Social Day што се одржа во Македонија успеаја да соберат 95.000 денари во младинскиот фонд, којшто ќе биде искористен за реализација на три младински проекти во следните три месеци. На Social Day, којшто се одржа на 10 ноември годинава, 80 млади работеа на работни позиции […]

„Младите можат“ успешно го одбележаа првиот Social Day во земјава

ноември 11, 2021

Во организација на здружението на граѓани „Младите можат“, вчера за прв пат во земјава се одбележа Social Day. Имено, станува зрбор за проект поттикнат од концептуалната замисла на остантите европски земји кои секоја година го одбележуваат овој ден нарекувајќи го и Solidarity Action Day. Вообичаено истиот се одвива во октомври, а оваа година тој за […]

Анкета на „Младите можат“: Загадувањето најголем проблем за младите од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров

февруари 23, 2021

Скоро половината од младите испитаници на анкетата која ја спроведе граѓанската организација „Младите можат“ одговориле дека се делумно задоволни од животот во општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров. Од 2 до 11 проценти се изјасниле дека воопшто не се задоволни. Истражувањето било спроведено во ноември и декември 2020 година, со лица од 15 до 29 […]

„Час за час“ нова дигитална платформа за поврзување на заедницата

јули 1, 2020

„Час за час“ е онлајн платформа за поврзување на заедницата која е имплементирана од Здружението на граѓани „Младите можат“. Концептот на „Временска банка“ е начин на трошење на еден час време за да му помогнете на некој друг преку вештините што вие ги поседувате и на тој начин да си овозможите себеси да заработите кредит […]

Нова дигитална платформа „Час за час“: Плати за извршена услуга со време, наместо со пари

мај 19, 2020

Здружението на граѓани „Младите можат“, преку „креатонот“ на Фондот за иновација и технолошки развој, изработи нова дигитална платформа која што ќе им помогне на граѓаните меѓусебно да ги споделуваат работите што уживаат да ги прават, притоа користејќи го времето, наместо пари, како ресурс. „Трошите еден час време за да му помогнете или да споделите знаење […]

Секој трет средношколец бил кај школскиот психолог поради недисциплина

декември 20, 2019

„32,9 проценти од средношколците од Скопје, го посетиле или биле пратени кај училишниот психолог заради недисциплинираност, а 15 проценти заради голем број на изостаноци“, велат податоците произлезени од истражувањето „Перцепции за менталното здравје помеѓу средношколците во Скопје“ кое Здружението на граѓани „Младите можат“ го спроведе годинава. Токму овие податоци беа инспирација за панел дискусијата „Ќе […]

Страна 1 од 1