fbpx
Таг: обвинител

таг: обвинител

Суспендиран главниот обвинител на БИХ

Дисциплинската комисија на Високото обвинителство и на Судскиот совет денеска го суспендирала главниот обвинител на Босна и Херцеговина, Горан Салиховиќ. Против Салиховиќ е поведена дисциплинска постапка поради сомневање дека ги злоупотребил службените овластувања. Постапката против Салиховиќ е поведена по наводи во медиуми дека тој преку посредник до претседателот на Република Српска, Милорад Додик, оддавал податоци за текот на истраги што против него се...

Израелскиот обвинител побара истрага против премиерот Нетанјаху

Израелскиот обвинител Авишај Менделблит побарал да се отвори истрага против премиерот на земјата, Бенјамин Нетанјаху, соопштило вчера израелското министерство за правда, јавуваат локалните медиуми. Според медиумите, станува збор за сомнежи дека израелскиот лидер или некој од неговото семејство примил голема сума пари од странство. Сепак, од министерството за правда не соопштиле за каква истрага точно станува збор. Израелските медиуми минатата недела пишуваа...

Нови апсења на шверцери на бегалци во Грција

Тројца Бугари и еден Словенец се уапсени во Грција поради обид за нелегално пренесување бегалци и мигранти преку грчко-македонската граница. Вчера грчката полиција во близина на Кукуш откри комби со 25 бегалци од Авганистан, Пакистан и од Сирија, кое се движело во насока на македонската граница. Бегалците биле откриени при рутинска проверка на возилата. Возачот на комбито успеал да избега,...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија Јанева за уривање на државниот суверенитет

Собраниската комисија за политички систем повторно ја одложи седницата за разгледување на извештајот за шестмесечната работа на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и ја презакажа за утре. Јанева доставила писмено известување до Собранието дека нема да дојде на седницата. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по седницата, на прес-конференција, ја обвини Јанева дека го урива суверенитетот на државата и побараа од неа...

Советот на јавни обвинители одлучи пак да ја чека Јанева

Советот на јавни обвинители повторно ја одложи седницата за разгледување на извештајот за шестмесечната работа на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Причина за одложувањето и овојпат беше неприсуството на Јанева. - По отворената дискусија меѓу членовите на Советот, заклучивме дека е нужно доаѓањето на специјалната обвинителка, Катица Јанева, за да се разјаснат нејаснотиите што ги имаме во врска со извештајот. Ние...

Украина: Снајперист пукал во врховниот државен обвинител

Властите во Украина соопштија дека вчера од снајперска пушка е стрелано во врховниот државен обвинител Виктор Шокин. Нападот се случил во моментот додека Шокин бил во својот кабинет, а како што соопштуваат, го спасиле стаклата кои се отпорни на куршуми. Медиумите јавуваат дека украинскиот врховен државен обвинител вчера се наоѓал во својот кабинет со соработниците кога од снајпер се истрелани три...

Телата на мажот и на жената биле најдени без облека и во фаза на распаѓање

Еден до друг, без облека, легнати на кревет и во фаза на распаѓање. Вака биле најдени телата на 33-годишниот маж и на 27-годишната девојка во мотел, во индустрискиот дел на Битола, информира полицијата. Во исчекување на официјалните информации од обдукцијата, во јавноста веќе се шират шпекулации дека починатите, инаку Роми од битолската населба Баир, биле во љубовна врска, а за...

Пратениците без дебата ѝ го одобрија буџетот на Јанева

Пратениците денеска на пленарна седница ѝ го одобрија буџетот во висина од околу еден милион евра кој ѝ е потребен на специјалната обвинителка, Катица Јанева, за да почне со работа. Министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој е предлагач на точката, иако беше присутен на седницата, не даде никакво образложение, ниту, пак, некој од пратениците се пријави за збор. Иако средствата...

На 2 ноември ќе легнат парите на сметката на Јанева

Неделава ќе биде отворена сметка за Специјалното јавно обвинителство со овластен потпис од специјалниот јавен обвинител, најави на денешната прес-конференција министерот за финансии, Зоран Ставрески. - Одлуката треба да помине на владина седница и на 2 ноември да се усвои во Собранието, при што одобрените средства од буџетот ќе легнат на сметката и ќе можат да се користат - рече...

СДСМ: Нема преговори додека не се спроведе законот за специјално јавно обвинителство

Преговорите помеѓу четирите партии за отворените прашања нема да продолжат сè додека не се испочитува и не се спроведе законот за специјално јавно обвинителство, односно не се изберат предложените обвинители, реагираат од СДСМ. „Советот на јавни обвинители има обврска да го почитува законот и да му овозможи на специјалниот јавен обвинител да го комплетира тимот на соработници во согласност со...

Специјалната обвинителка Јанева ги достави работниот, персоналниот и финансовиот план

Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, до Советот на јавни обвинители, Владата на Република Македонија и до Собранието, денеска достави општ работен, персонален и финансов план. „Плановите до Собранието се доставени за известување, додека до Владата и до Советот на јавните обвинители се доставени за имплементација. Како што веќе беше...

Калајџиев и Најчевска: Тимот што го избра Јанева нема да успее

Изборот на тимот обвинители што денеска го претстави специјалната обвинителка Катица Јанева, предизвика скептични коментари кај експертите дека тие можат нешто да сторат и да процесуираат некој предмет. Според професорот Гордан Калајџиев, кој беше во потесниот избор за функцијата што ја доби Јанева, но отпадна во последен момент, има неколку чудни работи при овој избор. - Прво, се гледа дека тие се...

Слободан Богоевски денеска ќе сведочи пред Обвинителството за случајот со мито од „Маѓар телеком“

Да сведочи за случајот со „Маѓар телеком“ пред Обвинителството за организиран криминал и корупција, денеска е повикан Слободан Богоевски. Богоевски, кој е на издржување затворска казна во кумановскиот затвор за друг случај, денеска треба да го даде своето сведочење откако Обвинителството отвори предмет по неговата изјава дадена за њујоршкиот суд, во која наведува дека на актуелни и на поранешни функционери во...

Катица Јанева и официјално избрана за специјален обвинител

Советот на јавни обвинители едногласно ја избра Катица Јанева за специјален обвинител. Тројца обвинители кои зедоа збор, го пофалија овој предлог и рекоа дека таа ја заслужува оваа функција. Претходно, пратениците на пленарна седница го потврдија предлогот на Комисијата за избори и именувања, Катица Јанева да се избере за специјален јавен обвинител за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од...

Пратениците дадоа зелено светло за избор на Јанева за специјален обвинител

Пратениците на пленарна седница вечерва го потврдија предлогот на Комисијата за избори и именувања, Катица Јанева да се избере за специјален јавен обвинител за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите. За збор единствено се јави пратеничката Солза Грчева, која рече дека нема да гласа за предлогот затоа што Јанева во својата биографија нема...

Јанева вечерва на Комисија за прашања на изборите и именувања

За 21.30 часот е закажана седница на Комисија за прашања на изборите и именувања, на која единствена точка на дневен ред е утврдување на предлог-кандидат за јавен обвинител за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење  на комуникациите. Како што претходно се согласија политичките партии, предлог за јавен обвинител ќе биде Катица Јанева, а откако...

Предлагачите на законот за специјален обвинител одбија амандман со казнени одредби

Воведување казнени одредби од најмалку три и пет години затворска казна за оние лица што ќе прикријат информација или ќе дадат лажни информации за постапките по кои ќе работи специјалниот јавен обвинител, побара пратеникот Павле Трајанов, како амандман на законот за специјален јавен обвинител, на расправата во Комисијата за политички систем и односи со заедниците. Амандманот беше одбиен од предлагачите...

Законот за специјален обвинител прво низ комисии, па на пленарна седница

Пратениците го изгласаа предлогот за дневен ред според кој на денешната пленарана седница треба да се дебатира и да се усвои Законот за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Моментално пратениците се на пауза и наскоро трееба да почне расправата во Законодавно-правната комисија. Пратениците повторно на седница треба се вратат во...

Катица Јанева е специјалниот јавен обвинител

Катица Јанева, oбвинителка од Гевгелија, е специјалниот јавен обвинител. Ова е договорот од маратонските преговори помеѓу четирите партии, потписнички на Договорот од Пржино, кои траеја до утринските часови, дознава „Мета“. Како што претходно објави „Мета“, по маратонските разговори на работните тимови на преговарачките групи, партиите утрово постигнаа договор за посебен закон за специјалниот јавен обвинител. Според процедурата, законот би требало денеска веќе...

Ахмети: ДУИ е подготвена за компромис

Политичките партии да ги надминат меѓусебните разлики и заеднички да се согласат за законската рамка и за името на обвинителот, порачаа денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со директорката за Западен Балкан и за проширување во британското министерство за надворешни работи, Фиона Мекилвам, и со британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, со кои се сретна во седиштето на...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...