fbpx

Пратениците дадоа зелено светло за избор на Јанева за специјален обвинител

-

Пратениците на пленарна седница вечерва го потврдија предлогот на Комисијата за избори и именувања, Катица Јанева да се избере за специјален јавен обвинител за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите.

За збор единствено се јави пратеничката Солза Грчева, која рече дека нема да гласа за предлогот затоа што Јанева во својата биографија нема ниту една референца за организиран криминал.

– Никој не најде дека е потребно да каже неколку збора за ликот и за делото на оваа жена, за која има толку многу очекувања и за чие име да го дознаеме, чекавме како во Ватикан што чекаат да се избере папа. Очигледно, тука чадот бил црн и затoа никој не дава изјава. Името на Јанева го нема ниту на „гугл имиџис“, а единствено ме радува што е жена. Ако зад неа стои ваков закон, очигледно никој нема големи очекувања. Би сакала да знам, во тој нетранспарентен процес, кој сè бил за. Се плашам дека со секој чекор што го правиме, не доаѓаме до решение на кризата, напротив само ја продлабочуваме – рече Грчева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.