fbpx
Таг: обвинител

таг: обвинител

Орав: Нема план Б, до 15 септември мора да се избере специјален јавен обвинител

„Многу луѓе ме прашуваат овие денови дали има план Б, доколку до 15 септември не се назначи специјален јавен обвинител. Не! План Б нема и на 15 септември мора да се избере специјален обвинител“, изјави денеска шефот на делегацијата на Мисијата на ЕУ во земјава, Аиво Орав. Тој истакна дека изјавите што вчера ги дадоа премиерот Никола Груевски и лидерот...

Аргентинец со години ги држел сопругата и синот заклучени во ќелија

Аргентинската полиција уапсила маж, жител на градот Мар дел Плата, кој со години ги држел својата сопруга и синот заклучени во ќелија во својот дом, јавуваат светските агенции. Според полицијата, валканата соба во која присилно биле држени сопругата и синот имала железна врата, заклучена однадвор, а внатре истражители нашле чинии со храна за кучиња со која се верува дека осомничениот Едгардо...

СДСМ: Одлуката на судот за „бомбите“ е незаконска

Денеска, за време на паузата од преговорите на работните групи на политичките партии, Оливер Спасовски изјави дека Никола Груевски со барањето да се издвојат доказите од прислушуваните материјали ја признал сопствената вина за сите злодела што им ги направил на граѓаните. - Девет месеци Груевски ја лажеше македонската јавност дека прислушуваните материјали, кои го покажаа неговиот криминал, се сечени, лепени и...

Судот ги прогласи за неважечки снимките и доказите од „бомбите“

Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое ги прогласи за неважечки доказите, односно аудиоснимките од прислушуваните разговори што СДСМ ги поднесе во прилог на кривичните пријави против Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Ирена Мишева, Мартин Протоѓер, Тони Трајковски и Коце Трајановски - затоа што биле незаконски прибавени. Судијата кој ја донел оваа одлука се повикува...

Работните групи денеска ќе разговараат за Специјалниот обвинител

Партиските групи за спроведување на договорот од Пржино денеска ќе разговараат за специјалниот јавен обвинител, кој ќе има надлежност да ги истражи случаите „Прислушување“ и „Пуч“. Тој треба да биде избран најдоцна до 15 септември, две недели по враќањето на опозицијата во Собранието. Според сознанијата партиите се се уште далеку од договор. ВМРО-ДПМНЕ настојува обвинителот да се избере од постоечките обвинители...

Изборна математика: 3+3+3 за ДИК и 2+2 за Избирачкиот список

Работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, денеска ќе немаат средба, а продолжуваат утре со прашањата околу Избирачкиот список и гласањето на дијспората. Како што објави „Мета“ најголемите политички партии се договорија околу изборот на членови на ДИК и го прифатија предлогот на СДСМ според кој тие ќе се бираат по формулата 3+3+3, односно тројца членови да...

СДСМ категорично демантира дека го наговара Камбовски за специјален обвинител

Во јавноста се појавија шпекулации дека наводно СДСМ разговара со Владо Камбовски, претседателот на МАНУ, како можен нивен предлог на СДСМ за специјален јавен обвинител. Според шпекулациите, Камбовски за тоа веќе разговарал со функционери на опозициската партија во хотел во Охрид. Од СДСМ категорично ги отфрлаат овие шпекулации и тврдат дека се крајно неточни. - Сето тоа не е вистина. Се...

Специјалниот јавен обвинител речиси стокмен, се чека само да се изгласа?

Кругот на кандидати за специјален јавен обвинител е стеснет и се очекува тој навреме да биде избран, дознава „Мета“ од политичките партии кои се вклучени во работните групи за Договорот од Пржино. Според Договорот, личноста што ќе ја преземе оваа функција треба да добие „амин“ од четирите политички партии. Дека изборот на специјален јавен обвинител е при крај, потврдуваат и последните...

Работните групи не договорија ништо, но ќе одмораат до 17 август

Денеска е последната рунда преговори на работните групи за Договорот од Пржино, а потоа тие ќе одат на одмор до 17 август. Како што се дознава, белгискиот експерт Питер ван Хојте, кој е олеснувач на преговорите, ќе биде на годишен одмор. Вчера работните групи не се договорија ништо околу специјалниот јавен обвинител. Денеска, пак, тие ќе разговараат повторно за изборниот...

Шекеринска: Во соопштението на Обвинителстото недостига само едно име – она на Никола Груевски

Од известувањето на Oбвинителство се гледа дека тоа немало ниту намера чесно и независно да ги истражува објавените криминали, изјави Радмила Шекеринска, заменик-претседателката на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање. - Можете да забележите многу имиња во соопштението, луѓе кои разговарале, луѓе чиј криминал бил покажан со снимките, ама едно име многу чудно недостига, тоа е името на Никола Груевски. Кога...

Државниот египетски обвинител повреден во експлозија

Египетскиот државен обвинител Хишам Баракат е повреден откако е фрлена бомба на неговото возило, а одговорност за нападот презела мала група која се нарекува „Народен отпор на Гиза“. Египетската државна новинска агенција јави дека Баракат добил полесни повреди во експлозија на бомба која погодила конвој на возила, меѓу кое и возилото на обвинителот. Во нападот повреден е член на обезбедувањето на...

Му се заканил на гостиварскиот обвинител и побегнал

Вчера, околу 11 часот, во Гостивар, во просториите на Основното јавно обвинителство, кај вработениот А.Л. (61) од Гостивар, ненајавено влегол Ш.М. од село Равен, Гостиварско, и на вработените им упатил закани по живот. На јавниот обвинител, пак, му се обратил со зборовите „Тебе ќе те чекам кај село Здуње и ќе те пукам“. Потоа излегол надвор и почнал да чука по...

Во Турција блокирани социјалните мрежи поради снимки со убиениот обвинител

Во Турција, социјалните мрежи „Твитер“, „Фејсбук“ и „Јутјуб“ се блокирани од властите поради објавување снимки на обвинителот кој на 31 март беше киднапирани од терористи во Истанбул. Обвинителот Мехмет Сели Кираз беше киднапиран од двајца членови на левичарската група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување. При операцијата за ослободување, обивинителот Кираз беше повреден и наредниот ден почина во болница, а...

Почина турскиот обвинител кој беше киднапиран

Од тешките повреди што ги доби во текот на вчерашната престрелка во судската палата во Истанбул, турскиот обвинител Мехмет Селим Кираз почина во болница. Кираз беше нападнат во својата канцеларија на шестиот кат од судската зграда и земен како заложник од двајца припадници на ултралевичарска Револуционерна партија - Фронт за народно ослободување. Заложничката драма заврши со интервенција на турските специјални сили,...

Заврши заложничката драма во Истанбул, обвинителот е пренесен во болница

По неколку часови неуспешни преговори со киднаперите, вооружени специјалци упаднале во судот во Истанбул и го ослободиле обвинителот Селим Кираз, кој беше киднапиран од припадници на левичарската турска група ДХКП/Ц. Обвинителот со сериозни повреди е пренесен во болница, а киднаперите се застрелани. Обвинителот ја води истрагата за 15-годишниот Беркин Елван, кој почина минатата година во март, по девет месеци кома. Елван...

Заложничка драма во судот во Истанбул, киднапиран јавниот обвинител

Левичарската турска група ДХКП/Ц го држи како заложник обвинителот кој работи на случајот со 15-годишното момче кое почина откако полицијата со гас ги нападна демонстрантите. Обвинителот ја води истрагата за 15-годишниот Беркин Елван, кој почина минатата година во март, по девет месеци кома. Елван доби тешки повреди за време на минатогодишните антивладини протести. Турскиот премиер свика итна средба со министерот за...

Осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци пред истражен судија

Осомничениот за трикратното убиство во Каварадардци денеска треба да се појави пред јавен обвинител во Велес, кој се очекува да му изрече мерка притвор во траење од 30 дена. Тој, во неделата, ги уби таткото, мајката и сестрата на својата сопруга, од која се разведувал, а беше уапсен вчера на градските гробишта во Кавадарци.

Спасовски: Монструмот е фатен, Љупчо Палевски уапсен во Турција

На 30 ноември, три дена по убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која е грабната од нејзиниот влез кога тргнува на училиште од скопско Дебар Маало и една...