fbpx

Советот на јавни обвинители одлучи пак да ја чека Јанева

-

Советот на јавни обвинители повторно ја одложи седницата за разгледување на извештајот за шестмесечната работа на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Причина за одложувањето и овојпат беше неприсуството на Јанева.

– По отворената дискусија меѓу членовите на Советот, заклучивме дека е нужно доаѓањето на специјалната обвинителка, Катица Јанева, за да се разјаснат нејаснотиите што ги имаме во врска со извештајот. Ние денеска повторно ќе ѝ упатиме писмена покана за да дојде в понеделник, во 11 часот, за кога е закажана седницата – изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски.

Тој повторно не одговори на новинарските прашања за тоа кои се нејаснотиите во извештајот, како и за тоа што ќе направат доколку Јанева не дојде и в понеделник.

Запрашан за случајот „Маѓар телеком“, Аневски рече дека тоа прашање ќе биде разгледувано на некоја наредна седница.

Специјалната јавна обвинителка, Јанева, вчера, одговарајќи на новинарско прашање беше децидна дека нема намера да оди во Собранието и во Советот на јавни обвинители да го образложува извештајот, а доколку членовите на овие институции имаат некакви забелешки, да ги достават до СЈО, кое ќе ги разгледа и ќе одлучи дали ќе ги вметне во наредниот шестмесечен извештај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...