fbpx

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија Јанева за уривање на државниот суверенитет

-

Собраниската комисија за политички систем повторно ја одложи седницата за разгледување на извештајот за шестмесечната работа на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и ја презакажа за утре. Јанева доставила писмено известување до Собранието дека нема да дојде на седницата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по седницата, на прес-конференција, ја обвини Јанева дека го урива суверенитетот на државата и побараа од неа јавно да се извини за вчерашната изјава, во која таа го оспори легитимитетот на претседателот на државата, уставните судии и на пратениците во Собранието.

– Ако се земе за сериозна, оваа изјава значи дека Република Македонија нема институции, нема Собрание, нема претседател, нема Влада и нема Уставен суд. Односно, оваа изјава значи дека Република Македонија формално не постои и не постои нејзиниот правен поредок. Според неа (Катица Јанева н.з.), Македонија треба да се претвори во протекторат на странска земја – рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој во собраниската сала за прес-конференции беше придружуван од сите пратеници на владејачката партија.

Тој изјави оти се надева дека специјалната обвинителка ќе сфати самата каква грешка направила и дека го навредила народот на Македонија.

– Се надевам дека ќе почне да ги почитува институциите на државата. Ја повикуваме специјалната обвинителка да дојде на седница на комисијата, а потоа и на пленарна седница да го даде својот извештај. Тоа ќе биде можност да се види до каде е со работата, но и можост да се извини за својата вчерашна изјава – изјави Димовски.

Димовски, запрашан дали поради квалификацијата дека го урива суверенитетот на државата, што е едно од најтешките кривични дела, Собранието ќе покрене постапка за смена на Јанева, одговори дека тоа може да го направи Советот на jавни обвинители.

– Постапка за смена, според Законот, покренува Советот на jавни обвинители, а Собранието постапува во втора инстанца – рече Димовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...