fbpx
Таг: новинари

таг: новинари

Протест на грчките новинари во Атина, бараат средба со Ципрас

Неколку стотици грчки новинари и медиумски работници денеска излегоа на протест пред грчкото собрание, од каде испратија порака до грчката влада дека не сакаат и нема да дозволат да згаснат телевизиите и 2.000 луѓе да останат на улица. Новинарите апелираа до владата да ја смени политиката и кажаа гласно „не“ за медиумскиот мрак и за владината одлука за ограничување на бројот...

Политичари, новинари и уметници ќе маршираат заедно на 11 Октомври

Денеска на пладне во Кино Култура граѓански активисти, уметници и новинари ќе ги презентираат деталите за протесниот марш што ќе го организираат на 11 октомври. Како главни иницијатори на настанот се наведуваат Зоран Заев, Вера Бунтеска, Златко Ориѓански, Ирена Ристиќ, Томислав Кежаровски, Бени Шаќири, Атанас Костовски и Влатко Васиљ. Настанот ќе се одвива под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“.

Талески бега и од новинарски прашања и од „герилци“

Битолскиот градоначалник Владимир Талески денеска на прес-конференција не им дозволи на новинарите од Битола да му постават прашање. Откако го заврши официјалниот дел од прес-конференцијата со спортисти од Битола, Талески се повлече зад камерите и ги остави гостите да даваат изјави. По завршување на прес-конференцијата, една од новинарките се обрати до Талески дали може да му постави прашање на друга тема. -...

ИФЈ: Македонија со најлоша медиумска состојба на Балканот

Македонија е една од четирите земји во Европа со новинар во затвор, a последната година се регистрирани 35 случаи со насилство кон новинари. Поради тоа, генералниот секретар на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), Рикардо Гутиерес, оцени дека ситуацијата во Македонија е можеби најлоша од сите земји на Балканот. - Бев тука пред три години, кога Томислав Кежаровски беше во затвор,...

Двајца грчки новинари уапсени во САД за следење на грчки министер

Полицијата во Њујорк уапси двајца грчки новинари кои маскирани го следеле грчкиот министер Никос Папас во Њујорк. Револтирани дека грчката делегација не организирала никаков брифинг за активностите на министерот, кој пристигнал два дена пред премиерот Алексис Ципрас како негова придружба за Генералното собрание на Обединетите Нации, дописниците на телевизиите „Алфа“ и „Стар“ се одлучиле маскирани со перики, капчиња и...

Кривичниот суд до Јанева: Ние одлучуваме кои сведоци ќе бидат повикани, а не обвинителот

Судот е тој што одлучува дали и кои сведоци ќе бидат повикани, а не обвинителот, стои во реакцијата на Основниот суд Скопје 1 на денешните изјави на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која рече дека судот неоправдано го одолговлекува судењето за случајот „Пуч“ и не му доставува покана на единствениот сведок (Никола Груевски н.з.). Од судот велат дека главната расправа...

Виси на конец судбината на повеќе од 1.800 вработени во грчките телевизии

Повеќе од 1.800 новинари, техничари и вработени во грчките телевизии може да останат на улица поради новите измени во грчкиот телевизиски простор. Судбината на телевизиите што не успеаја да обезбедат национални телевизиски концесии, виси во воздух и илјадници новинари не знаат што ќе се случува со нив откако ќе поминат трите месеци неопходни за да се спроведат промените по завршувањето на...

И официјално Хазири од денеска е член на ад хок телото

Ад хок телото за следење на медиумското претставување денеска со консензус го прифати предлогот на политичките партии за петти член во телото да се избере Љуљзим Хазири. - Денеска официјално беше комплетирано привременото тело за следење на изборите, во тие сто дена пред избори. Имаме неколку принципи од кои нема да се отстапи. Тоа е, пред сè, слобода на изразување, слобода...

ССНМ: На новинарите не смее да им се забрани да кажуваат личен став на социјалните мрежи

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро протестира против компанијата што ги издава и печати „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“, како и други дневни и неделни изданија, бидејќи ги уценува, понижува и дискриминира новинарите, со договори за работа во кој им забранува изнесување лични ставови во комуникација на социјални мрежи. „Ставот од договор во кој на новинарите, божем, им...

ЗНМ ги повика сите новинари да се приклучат на утрешниот протест

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги повика сите новинари да се приклучат на протестот за проддршка на новинарот Зоран Божиновски, закажан за утре во 10 часот пред Основниот суд Скопје 1. „Ги повикуваме сите новинари да се приклучат на протестот и заедно да му изразиме поддршка на колегата Божиновски. Во исто време, сакаме да го осудиме прогонот на новинари,...

И ад хок телото по стапките на Пржино: Нема договор за петтиот член, нова средба утре

Заврши средбата на членовите на ад хок телото со директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски. Од привременото тело кое треба да ја контролира работата на медиумите за време на предизборниот период, официјално не откриваат дали на денешната средба постигнале некаков договор. Цветин Чилиманов, членот на ад хок телото предложен од ВМРО-ДПМНЕ, на својот фејсбук-профил објави дека...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓупартиски конфронтации за ад хок телото

Двете најголеми македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, денеска повторно се скараа, овојпат околу изборот на петтиот член на ад хок телото за регулација на медиумите. Откако вчера членовите предложени од овие две партии не успеаја да постигнат консензус за да го изберат петтиот член, партиите денеска си упатија обвинувања за тоа кој е виновен. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека како што...

Репортери без граници: Македонија на 118. место по слободата на медиумите

Македонија е на 118. место по слободата на медиумите во годинешниот извештај на организацијата Репортери без граници, зад Замбија, Нигерија, Конго и Катар. Во образложението на извештајот, за Македонија наведено е дека клеветата била отстранета од Кривичниот законик во 2012 година, но обвиненијата биле заменети со граѓански тужби со можности за високи казни и услови за одење во затвор за...

Љубомир Костовски и Горан Трпеноски кандидати на СДСМ за ад хок телото за медиуми

Љубомир Костовски и Горан Трпеноски се предлози на СДСМ за членови на ад хок телото, информираат од СДСМ, за „Мета“. Од таму велат дека овие предлози ги доставиле до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги. Од ВМРО-ДПМНЕ нема информации кои се нивните предлози за ова тело кое во предизборниот период ќе ги контролира медиумите. Ад хок телото, кое ќе работи...

Талевска: МАН ќе делегира членови само на јавен државен конкурс

Македонската асоцијација на медиуми (МАН) не поддржува политички партии да предлагаат членови на ад хок телото за регулација, затоа што, според Ивона Талевска, тоа треба да го направат новинарските здруженија. - ЗНМ како приврзок на СДСМ, под превезот на независни членови не успеа да издејствува да внесе свои претставници во ова тело. Затоа тие целосно излегоа од оваа приказна - вели Талевска. Таа...

Новинарските организации не сакаат да учествуваат во консултациите за ад хок телото

Новинарските организации на денешниот состанок со раководството на опозицискиот СДСМ категорично одбиле да учествуваат во консултациите за ад хок телото и во изборот на главен уредник на МТВ, дознава „Мета“. Денеска заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, разговарала со претставници на Советот на етика во медиумите (СЕМ), Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) за начинот и за...

Од 28 пријавени, СДСМ ќе избира член за ад хок телото и за МТВ, а ќе се консултира со експерти

Од 28 кандидати ќе се избира членот на СДСМ за ад хок телото за надзор на медиумите во предизборниот период и главниот уредник на МТВ, дознава „Мета“. Покрај пријавените кандидати на јавниот повик, во потесниот круг влегле и новинари за кои партијата сметала дека се подобни за оваа функција, велат оттаму. Денеска опозициската партија ги почна консултациите со новинарските здруженија и со невладините...

Кандидати за ад хок телото за медиуми, сепак, има

Наспроти дилемата дали и кој ќе се пријави на јавниот повик на СДСМ за членови на ад хок телото за надзор на медиумите во предизборниот период, сепак, има кандидати за оваа тримесечна функција, дознава „Мета“. Рокот за пријавување истекува денеска на полноќ. Не е познато на кој начин од ВМРО-ДПМНЕ ќе одберат и ќе предложат кандидати за ова тело, чии надлежности се...

ЗНМ се солидаризира со новинарите и со медиумите во Турција

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) се приклучи кон иницијативата на Меѓународната федерација на новинари (МФН) и на Европската федерација на новинари (ЕФН) против бранот напади врз слободата на медиумите и човекови права во Турција, соопштија денеска од ЗНМ. Од здружението денеска, исто така, упатиле писмо до турскиот амбасадор во Скопје, Умур Шелендир, во кое ЗНМ изразува длабока загриженост за...

Турција: Новинари изведени пред судот во Истанбул

Дваесет и еден новинар денеска се појавиja пред турскиот суд откако беа уапсени по неуспешниот воен удар, изведен на 15 јули. Истовремено, mинистерството за односи со ЕУ суспендираше неколку свои вработени. Телевизиските снимки прикажале снимка од внесувањето на новинарите во судница во Истанбул. Тие се меѓу 42 истакнати новинари за кои е издаде налог за апсење во понеделникот. Во Турција на сила...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...