fbpx

Кривичниот суд до Јанева: Ние одлучуваме кои сведоци ќе бидат повикани, а не обвинителот

-

Судот е тој што одлучува дали и кои сведоци ќе бидат повикани, а не обвинителот, стои во реакцијата на Основниот суд Скопје 1 на денешните изјави на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која рече дека судот неоправдано го одолговлекува судењето за случајот „Пуч“ и не му доставува покана на единствениот сведок (Никола Груевски н.з.).

Од судот велат дека главната расправа од судењето за „Пуч“, закажана за денеска, воопшто не се одржала, бидејќи еден од судиите поротници утрово доставил известување дека заради здравствени причини не може да присуствува на судењето. Поради ваквата ситуација, судот немал доволно време да обезбеди негова замена, поради што судењето било одложено и презакажано за 1 ноември.

„Што се однесува до прашањето на присутниот обвинител зошто на денешната расправа не бил повикан сведокот кој го бара обвинителството, конкретниот предмет се води согласно новиот Закон за кривична постапка (ЗКП), а самата постапка налага на првата главна расправа, да се дадат воведни зборови на странките, односно обвинителот и одбраната, а дополнително да се повикуваат сведоци и да се изведуваат докази, па токму затоа и на денешното судење, согласно ЗКП, не било предвидено повикување на сведоци, особено што судот е тој што одлучува дали и кој сведоци ке бидат повикани, а не обвинителот“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Во врска со изјавата на Јанева, дека судот неоправдано го одложува судењето за предметот, оттаму велат дека рочиштата за случајот „Пуч“ досега осумпати биле одложувани, од кои пет пати поради недоаѓањето на еден од обвинетите (Зоран Заев н.з.) и три пати на барање СЈО.

„Ја информираме јавноста дека главната расправа за овој предмет за прв пат беше закажана уште на 05.08.2015 година, а потоа беа закажани уште 8 расправи во текот на наредните седум месеци од кои 5 расправи беа одложени заради отсуство на еден од обвинетите кој постојано беше на пат, а 3 расправи по барање на обвинителката, па затоа нејасно е со што судот го одолговлекува процесот, а воедно судот не може да предвиди болест, ниту пак друго отсуство на член на советот или пак некоја од странките, како бранител или обвинител, па токму затоа и нејасни се нервозните реакции на присутната обвинителка“, стои во соопштението.

На новинарите, кои денеска во голем број беа пруситни во судот, не им беше овозможено да ја проследат кратката седница и воопшто не беа повикани да влезат во судницата. Во соопштението од судот нема никакво образложение зошто претставниците не беа повикани во салата.

На ова денеска реагираше и специјалната обвинителка Катица Јанева.

– Сметам дека е недозволиво и неприфатливо тоа што денеска новинарите не беа пуштени да влезат во судницата. Се надевам дека на следното рочиште новинарите ќе влезат во судница и ќе слушнат што имам да кажам пред судот – изјави Јанева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради изборите, Владата ги прогласи 24 април и 8 мај за неработни денови за сите граѓани

Владата на денешната седница заклучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради...