fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓупартиски конфронтации за ад хок телото

-

Двете најголеми македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, денеска повторно се скараа, овојпат околу изборот на петтиот член на ад хок телото за регулација на медиумите. Откако вчера членовите предложени од овие две партии не успеаја да постигнат консензус за да го изберат петтиот член, партиите денеска си упатија обвинувања за тоа кој е виновен.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека како што наближуваат изборите, стравот на СДСМ од соочување со волјата на народот и од плаќањето на казната за деструктивното однесување стануваат сè поголеми.

„Да сакаше СДСМ слободни и фер медиуми, немаше да бара да го назначува главниот уредник на информативната редакција на МТВ. Немаше да бара централно цензорско тело кое ќе кажува што е добар, а што лош новинарски став или мисла. СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми, туку целосна контрола врз медиумите“, пишува во соопштението на владејачката партија.

Од СДСМ, пак, велат дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат слободни медиуми, не сакаат објективно информирани граѓани, ниту избори на кои граѓаните слободно ќе го дадат тој глас.

„Не отстапуваме од ставот дека петтиот член мора да биде експерт од медиумската сфера, признат и почитуван во новинарската професија како гаранција дека независно и слободоумно ќе постапува во согласност со законските ингеренции на ова тело. До крајот на оваа година ќе има фер и демократски избори, по кои ќе почнат промените во Македонија и ВМРО-ДПМНЕ не може да го спречи тоа“, пишува во соопштението на партијата.

Двете партии во реакциите даваат поддршка за формирање на ад хок телото и за изборот на петтиот член.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Минчев, поради злоупотреби, најави укинување на балансерот

Министерот за јавна администрација Горан Минчев најави укинување на балансерот. Како причина за ова, тој рече дека балансерот во минатото бил предмет на злоупотреби. „Имавме случаи каде етнички Македонци се...