fbpx

Од 28 пријавени, СДСМ ќе избира член за ад хок телото и за МТВ, а ќе се консултира со експерти

-

Од 28 кандидати ќе се избира членот на СДСМ за ад хок телото за надзор на медиумите во предизборниот период и главниот уредник на МТВ, дознава „Мета“. Покрај пријавените кандидати на јавниот повик, во потесниот круг влегле и новинари за кои партијата сметала дека се подобни за оваа функција, велат оттаму.

Денеска опозициската партија ги почна консултациите со новинарските здруженија и со невладините организации за најадекватните личности што професионално би ја извршувале својата работа. Како што дознаваме, до викендов треба да бидат познати имињата на членот на ад хок телото на предлог на СДСМ и кандидатот за главен уредник на МТВ.

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска не успеавме да дознаеме на кој начин ќе одберат и ќе предложат кандидати за ова тело, чии надлежности се договорени при последната рунда разговори на политичките партии.

Ад хок телото, кое ќе работи до крајот на предвремените избори, треба да има пет члена.

Секоја од четирите партии треба да предложи свој претставник, а потоа тие со консензус треба да го изберат петтиот член. Според договорот, еден член од ова тело задолжително треба да биде Албанец.

СДСМ јавно ги повика сите професионалци во сферата на медиумите и граѓанските организации, поединци и здруженија, самите да се кандидираат или да кандидираат некој друг за кого сметаат дека е соодветен да ја извршува функцијата во телото за надзор на медиумите.

Од ЗНМ веднаш излегоа со став дека нема да учествуваат во ова ад хок тело, чиј краен рок за формирање е 19 август.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, ЕУ е приоритет – колку остварлив, не се знае

Во своите изборни програми СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја нудат ЕУ како највисок надворешен приоритет на државата. СДСМ бара уставни промени веднаш и ветува започнување и завршување на преговорите до...