fbpx
Таг: Никола Груевски

таг: Никола Груевски

СДСМ: Власта на Никола Груевски сака да ги направи судиите административни фигури

Со предлог-законот за одредување на видот и на висината на казните, власта ја ограничува слободата на судиите. Власта на Никола Груевски сака да им наметне на судиите да бидат само административни фигури, истакна на денешната прес-конференција Горан Сугарески, пратеник од СДСМ. - Наместо независно одлучување според убедување, судиите ќе бидат принудени да ги одмеруваат казните преку шаблонски систем за одземање и...

Груевски со владина делегација на бизнис-форум во Ријад

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, вчера заедно со владината делегација, во чиј состав се и потпретседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Ставревски, министерот за надворешни работи, Никола Поповски, министерот задолжен за привлекување странски инвестиции, Висар Фида, и заменик-министерот за економија, Христијан Делев, присуствуваа на бизнис-форумот што се одржа во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, на кој...

Груевски се сретна со престолонаследникот на Саудиска Арабија

Прмиерот Никола Груевски, денеска во Ријад се сретна со престолонаследникот на Кралството Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз ал–Сауд. На средбата, според владиното соопштение, соговорниците изразиле подготвеност за продлабочување на заедничките односи и размениле мислења и ставови за интензивирање на економската и на политичка соработка во повеќе области од заемен интерес. „Министрите за финансии на Република Македонија и на Кралството Саудиска Арабија,...

Груевски – Ал-Басам: Саудискиот фонд за развој подготвен за поддршка на инфраструктурни проекти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, вчера, во рамките на посетата на Кралството Саудиска Арабија, во Ријад оствари средба со директорот на Саудискиот фонд за развој, Јусуф бин Ибрахим ал-Басам. Саудискиот фонд за развој е финансиран и основан од државата Саудиска Арабија и е насочен кон финансирање проекти чија цел е потикнување на развојот и унапредување на соработката. На...

Груевски: Современата жена мора да е успешна и во кариерата и во семејството

Современата жена на денешното време има повеќе предизвици, пркоси и се бори на секое поле, професионално и приватно, рече премиерот Никола Груевски во своето излагање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, што се одржа под мотото „Дел од новото време, дел од нашето движење“. - Современата жена треба да биде активна и успешна на работното место, во градењето на...

Груевски и Вајгл разговараа за евроинтеграциите

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл. Соговорниците размениле мислења на повеќе теми од областа на европските интеграции на нашата земја и за реформите и за чекорите што се реализираат во насока на остварување на оваа стратегиска цел на државата. Премиерот Груевски му посакал успех на Вајгл во...

Груевски: Групата што ќе протестира е партиски мотивирана

Ако првиот пат студентите не беа информирани за концептот пред да протестираат, сега сè е доволно јасно, посочи премиерот Никола Груевски, како коментар на најавите за нови протести на студентите. - Сега се знае дека станува збор за државен испит, а не за екстерно тестирање и за тоа дека овие два концепти се сосема различни. Исто така, се знае дека државниот...

Груевски: Во Итната медицинска помош ново 181 вработување

Нов оглас за вработување на персонал за Итната медицинска помош ќе биде објавен до крајот на декември, информираше премиерот Никола Груевски. Тој рече дека ќе бидат вработени 181 лице, 76 лекари, 25 медицински сестри и 80 возачи.  

Груевски: СДСМ се обидува со манипулации, монтажи и со афери да дојде до власт

Нам ни е јасно како „Фокус“ дојде до идејата за овие обвинувања, но СДСМ со обвинувањата за наводно фалсификување пасоши шири груби манипулации, истакна денеска премиерот Никола Груевски. - Жалам што СДСМ цврсто се обидува со манипулации, монтажи и со афери да дојде до власт. Нам, како ВМРО-ДПМНЕ, ни одговара таквото нивно однесување, но за демократијата не е добро да...

Груевски на средба со заменик-претседателката на Социјалистичка Република Виетнам

Премиерот Никола Груевски, денеска ќе има средба со Нгујен Ти Доан, заменик-претседателка на Социјалистичка Република Виетнам. По средбата ќе се потпише Договорот за економска соработка помеѓу двете земји, кој ќе биде потпишан од Беким Незири, министер за економија на Република Македонија, и До Танг Хаи, заменик-министер за индустрија и за трговија на Социјалистичка Република Виетнам. Во рамките на настанот ќе биде...

Петковски: „Македонска банка“ е играчка во споредба со „бомбата“ на Заев

Ние одиме со единствена цел да се дознае реалноста, вистината за начинот на којшто во Република Македонија се владее и, дефинитивно, да излезат на виделина сите оние сознанија за корупцијата, алчноста, криминалот, моралните димензии на луѓето што ја водат денес Република Македонија. Договорите што се прават во сферата не меѓуетничките односи, тие говорат за предавници, преговараат директно со Грција, со...

Заев: Доказите за грдото лице на Груевски и на оваа власт се во наши раце

Слободоумните граѓани да соберат храброст и да не се плашат бидејќи оваа власт мора да замине, порача синоќа од Велес, лидерот на СДСМ, Зоран Заев. - Доказите за грдото лице на Груевски и на оваа власт се во наши раце. Нашите бомби се со докази и како што гемиџиите некогаш со бомби го тргнаа теророт, така и ние со нашите...

Груевски, добитник на највисокото признание на Штип, „Свети Никола“

Највисокото признание на празникот на Штип, „Свети Никола“, ќе биде доделено на премиерот Никола Груевски. Ова го соопшти градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, на денешната седница на Советот, кој образложи дека одренот се доделува на „високи личности, заслужни за градот“. -Кога ќе тргнете од Штип кон Велес, ќе видите какво градилиште е. Штип и Источна Македонија ќе добијат експресен пат...

Груевски телефонски му го честиташе изборот за премиер на Бојко Борисов

Премиерот Никола Груевски денеска по телефон разговараше со својот бугарски колега Бојко Борисов, при што му го честиташе изборот за премиер, објави бугарската новинска агенција. Груевски истакнал дека очекува односите меѓу двете земји да останат добри. - Ние имаме постигнато многу заедно, а се надевам дека и во иднина ќе работиме во интерес на двете соседни земји - рекол Груевски, пренесува БНА. Двајцата...

Премиерот Груевски во посета на Виена

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе престојува во Виена, Австрија, каде ќе присуствува на повеќе настани. Премиерот Груевски ќе присуствува и ќе се обрати на реномираниот и престижен Виенски економски форум, каде што ќе се дискутира за предностите, влијанието и за перспективите на економската регионална соработка. Претседателот на македонската Влада ќе присуствува и на состанокот на Централно-европската...

„Студентски пленум“: Груевски омекна за екстерното, но не се премисли

„Студентски пленум“ го потсетува Груевски дека каков и да е моделот на спроведување на екстерното оценување, тоа сепак ја крши автономијата на Универзитетот, реагираат оттаму на вчерашната изјава на премирот Никола Груевски. „Може да се забележи омекнување во ставот на премиерот, но, сепак, и понатаму се инсистира на екстерното оценување. Дали премиерот ги помилува сите што излегоа на маршот во...

Груевски: Ја чекаме стратегијата на СДСМ

Чекаме да ја видиме стратегијата на СДСМ, не сакаме да им се мешаме, изјави денеска во Тетово премиерот Никола Груевски. - Околу тоа што го најавија, ние побаравме од нив да го објават. Сега кажаа дека имале стратегија и чекаме да ја видиме. Не сакаме да им се мешаме во таа стратегија - изјави Груевски, по одбележувањето 13 години од основањето...

Груевски: Студентите ќе полагаат сè додека не положат

Ќе има можност секој да полага сè додека не положи, изјави денеска премиерот Никола Груевски во врска со воведувањето на екстерното тестирање за студентите. - Нам целта ни е ако некој дошол до преодна оценка без знаење, да биде натеран да научи. Тоа е единствената цел - рече тој. Груевски истакна дека намерите биле добри, но нема да се спроведат сè...

Груевски и Заев ја деактивираат бомбата на тајни средби?

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и премиерот Никола Груевски, имале неколку тајни средби, шпекулира „Дојче веле“, анализирајќи ги исчекувањата од „бомбата“ што ја најави првиот човек на опозицијата. „Со оглед дека Заев го стави во залог кредибилетот на раководството на опозицијата, очекувањата на јавноста се подигнати на највисоко ниво. Но, додека неизвесноста трае, во јавноста се зборува дека веќе се одржале две...

Груевски: Македонија во континуитет одржува макроекономска стабилност

По повод 10 години на Европската бизнис-асоцијација, денеска во Скопје се одржа Економски форум. На економскиот форум се обрати и премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, според кој, присуството на европските компании во Македонија придонесува за подобрување на квалитетот на севкупното работење преку воведување нови технологии и знаења, како и нови менаџмент-практики и поефикасно корпоративно управување. - Македонија во континуитет одржува макроекономска...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...