Чекаме да ја видиме стратегијата на СДСМ, не сакаме да им се мешаме, изјави денеска во Тетово премиерот Никола Груевски.

– Околу тоа што го најавија, ние побаравме од нив да го објават. Сега кажаа дека имале стратегија и чекаме да ја видиме. Не сакаме да им се мешаме во таа стратегија – изјави Груевски, по одбележувањето 13 години од основањето на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово.