По повод 10 години на Европската бизнис-асоцијација, денеска во Скопје се одржа Економски форум.
На економскиот форум се обрати и премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, според кој, присуството на европските компании во Македонија придонесува за подобрување на квалитетот на севкупното работење преку воведување нови технологии и знаења, како и нови менаџмент-практики и поефикасно корпоративно управување.
– Македонија во континуитет одржува макроекономска стабилност со ниска стапка на инфлација, избалансирани јавни финансии, со одржливо ниво на буџетски дефицит и со низок до умерен јавен долг што говори дека економските политики се соодветно поставени – посочи премиерот.
Груевски истакна дека досега се направени многу структурни реформи, а за позитивниот пораст на економијата преку реализација на капитални и на инфраструктурни проекти преку привлекување на странски и директни инвестиции.